Search This Blog

Saturday, March 31, 2007

ДОЖД СО ПЕСОК - кисели дождови

Често се случува во Скопје да врне дожд со примеси на жолта смеса ... песок ... Особено со песок се првите капки на дожд (кога не врнело дожд подолго време) ... тие секојпат се непријатели на облеката ... но пријатели на хемиските чистења - на кои потоа дождот им отвора работа ...

Така и вчера те ... Завчеравечер над Скопје врнеше жолт дожд ...
**
Ништо необично не забележав додека не влегов дома. Палтото ми беше целиот калосан, а жолта земја имаше и на чадорот. Сопругата пак, забележа дека на возилата остануваат жолти дамки од капките. Искрено се исплашивме со оглед на тоа што знаеме каква се опасност демне од фабриките, па прво што помисливме е дека се работи за некоја отровна материја испуштена од фабриките, ...
** Вчера имаше прилив на воздух од југ и југоисток. Иако не е честа појава и порано се случувало кога врне дожд измешан со песок да падне на земјата.

Можете да замислите како им е на оние кои живеат близу до Сахара ... кога ке заврне дожд ... прво врне кал ... :) ... Неколку пати имав такво искуство во Багдад ... Ништо потоа не може да те испере ... Ми остана и друго во сеќавање ... Нели и тука жените пред да ги стават алиштата на жица за сушење - предходно со мокра крпа ги бришат жиците ... Истото тоа јас го сторив во Багдад ... И што - жицата се истенчи за една третина од калта што се беше налепила на жицата ... Добра работа кога сушиш веш на блискиот исток е тоа кога го пружиш вешот на жица т.е. кога доаѓаш до крајот на жицата се враќаш назад да го собереш вешот ... сув е веќе ... :)

Но во Скопје е друго знае да има често и “кисели дождови“ ...

Големата концентрација на сулфур во горивата е МНОГУ голем проблем ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter