Јас незнам дали ние имаме “Фармацевска мафија“ ... тоа е работа на надлежните во РМ ... полиција ... истражните органи и судството ... Но загрижуваат и бодат очи податоците кои ги дава денешен Дневник во написот ... ДВЕ ГОДИНИ НЕМА НОВ ТЕНДЕР ЗА ЛЕКОВИ-Три фирми држат пазар од 30 милиони евра ...
Народот одамна ги подредил приоритетите за македонските потреби ... Приоритети на трошење кога имаш пари во раката ... Прво леб - потоа лекови ... потоа се друго ако останат пари ... Затоа и толку добро цвета бизнисот со лекови ... како и во светот воопшто ... Поготово што во Македонија се ствараат монополи во бизнисот со лекови ...
Не случајно се вели дека е можно во Македонија моќните фармацеутски компаниии да се врзани со белите мантили - лекарите де ... Имено за да некој лек биде препишан на пациентот - тој треба да биде препишан - препорачан од лекар ... Секој лек има неколку варијанти т.е. неколк производители го произведуваат во светот ... Имено ако погледнете секој лек на кутијата има име напишано на латински ... кое е исто за сите фирми кои го произведуваат под различни трговски имиња ... значи во основа лековите се со ист состав - само имаат различни бренд трговски имиња ...
Е сега лекот за да го препишуваат лекарите баш од таа компанија - фармацевските фабрики т.е. нивните застапници тука се трудат на секаков начин да се додворат на лекарите ... Ги канат по разни семинари ... им даваат ситни и покрупни поклони ... А се шпекулира дека кај скапите лекови фармацевските компании даваат процент на лекарот кој ги препишал ... Еве во тек е сериозно обвинување на СДСМ дека др.Кедев е “подмитуван“ со донација од фирма која произведува стентови ... Имено фирмата производител која го добила тендерот за набавка на стентови - каде др.Кедев имал некаква значајна улога - препорака или незнам што ... му уплатила на др.Кедев средства за семинар во износ од нешто повеќе од 8.000 евра ...
Башка на сето ова - овие фармацевски компании кои ги добиваат тендерите за набавка на лекови - се и едни од поглавните спонзори во едната или другата наша поголема партија ... И тука кругот се затвара ... Затоа сега едната голема партија напаѓа само еден дел од фармацевските моќници а другата бранејки го својот пулен ја нашаѓа другата група од фармацевските моќници ...
Но да видиме кои се моќнците во фармацевскиот бизнис во Македонија ...
Околу 60 отсто од набавката на лекови вредна околу 67 милиони евра годишно, се' уште држат три веледрогерии
- „Реплек“,
- „Д-р Пановски“ и
- „Промедика“ -
поради тоа што од 2004 година до денес не е распишан нов јавен оглас за лекови.
** Извештајот за работата на Клиничкиот центар, кој го подготви ревизорската куќа „Гранд Тортон“, предизвика лавина од меѓупартиски обвинувања за незаконски набавки на лекови.
** Во извештајот се вели дека Клинички центар потрошил повеќе од 50 милиони евра за 388 договори за набавки до 3.000 евра во 2004 година и за 170 договори во 2005 година. Најмногу набавки до 3.000 евра во Клинички биле од ист доставувач - фирмата „Д-р Пановски“ - и тоа повеќепати во текот на годината, а најчести корисници биле Институтот за радиологија и Клиниката за детски болести. Нарачките ги вршела Клиничката аптека, со согласност од директорот на Клинички, д-р Андреа Арсовски.
** Најголеми доставувачи на лекови од позитивната болничка и аптекарска листа, според последниот конкурс од 2004 година, кој го распиша Фондот за здравство, се:
- „Реплек“, кој набавил лекови во вредност од 11,5 милиони евра,
- „Д-р Пановски“ - 11 милиони,
- „Промедика“ - 8,5 милиони ,
- „Алкалоид“ - 5,4 милиони,
- „Зегин“ - 4,7 милиони,
- „Кемофарм“ - 4,3 милиони,
- „Крка“ - 3,2 милиони и
- „Фарматрејд“ - 2,4 милиони евра.
** За цитостатици се трошат повеќе од 7 милиони евра годишно. Институтот за радиологија во 2006 година потрошил за цитостатици и за други лекови 480 милиони денари.
** Според извештајот на Светската здравствена организација, Македонија, со 2 милиона жители, за цитостатици троши околу 12 милиони евра годишно, а Србија, со 8 милиони жители - 10 милиони евра. Разликата е голема, не затоа што во Србија има помалку болни од рак на цитостатска терапија, туку затоа што кај нас овие препарати се поскапи.
No comments:
Post a Comment