За етничката ксенофобија во Бугарија пиував во предходниот пост ... ЕТНИЧКА КСЕНОФОБИЈА и НАЦИОНАЛИЗАМ во Бугарија ...
Весникот „Шекули“ тврди дека во ист ритам се слушале и песни со антимакедонска содржина, но не наведува детали.
Никос Тоскас, поранешен грчки офицер, во интервју за весникот „Та неа“ тврди дека вакви песни редовно се користеле за да се подигне моралот на грчките војници, но додава дека тие биле забранети пред шест години.
Грчките војници вежбале во ритам и со антитурски содржини ... „Гледајте ги нив, се нарекуваат Албанци, ортоми ќе направиме од нивните црева... Гледајте ги нив, се нарекуваат Турци, чевли ќе направиме од нивната кожа“. На снимката се слушаат овие песни како ечат од грлата на грчките војници додека вежбаат. Заедно со војниците пееле и офицери и други старешини.
Навистина грозно ... 21 век сме ...
Повеќето од написот е преземено од написот на Дневник - Грчки војници се храбрат со националистички песни
Па блогери да ги пронајдеме снимките !!
No comments:
Post a Comment