** Американската компанија „Браун и Рут“ од пред неколку дена е во Скопје во потрага по работници за Ирак, Авганистан, Катар, Кувајт и Џибути. Во хотелот „Холидеј ин“ секој ден од 8 до 16 часот се интервјуираат пријавените кандидати на огласот ...
** Од многуте пријавени, како што дознаваме, компанијата извршила селекција и само одреден број лица се повикани по телефон да дојдат на интервју. Ги има од разни профили: механичари, шофери, електричари, келнери, млади, постари, невработени, но и вработени, студенти, дипломирани лица, повеќето мажи, по некоја девојка, но и млада мајка која решила една година да се лиши од љубовта на своето мало дете за да заработи денар повеќе за едно поубаво утре.
** Договори се потпишуваат за една година. Треба да се поседува минимално знаење на англискиот јазик, не може секој да добие работа. Околу 80 отсто од пријавените се од Куманово. Се пријавиле најмалку 500 лица. ...
** „Знам дека е ризично, но ризик е и да се остане овде, без работа и без пари, само нервоза секој ден. Имам семејство, жена која не работи и три малолетни деца. Работа немам веќе 15 години. Возач сум по занимање и еднаш веќе имам работено за ’Браун и Рут‘. Едно е сигурно, добро плаќаат. Се работи по 12 часа на ден и се заработува од 5 до 7 илјади евра месечно. Толку пари нема никогаш да заработам во Македонија“,..
** „Сите трошоци за пат, за сместување и за исхрана се на товар на компанијата ...
No comments:
Post a Comment