Бизнисот со Шопинг Бизнис Центрите во Македонија “трае“ последниве петнаесет години ...
Најпвин во процесот на “приватизација“ - беа растурани големите трговски системи ... “Центро“ ... “Славија“ ... “ЗемПромет“ ... “Градски Аптеки“ ... стоковните куќи “Беко“ и “Нама“... “Технометал-Вардар“ ... “Технометал“ ... “Електрометал“ ... “Аутомакедонија“ ... “Трготекстил“ ... и сигурно заборавив некој ... Некои системи беа толку големи што уште не може да се дорастурат ... Полни се судовите и стечајните управници со работа за растурање на овие системи ...
Сите отидоа во стечајни постапки во процесот на “Приватизацијата“ (намерно е приватизација во наводници ...) ...
Потоа следеше ера на мали бизниси во трговијата ... гранапчиња ... мали бутици ... продавничиња за се и сешто ... трафики ... Луѓето по три пати отвараа и затвараа вакви продавничиња ... ги одврзаа кесињата и ги испразнија перниците и јорганите од заштедите и изнакупија дучанчиња ... за фамилијарни бизниси во малата трговија ...
Потоа следи ера на “Странски Инвестиции“ во трговијата ... Се отвори неколку трговски центри по системот на Моловите во капиталистичкиот свет ... Почна со “Веро“ ... продолжи со “Коч ...“ ... се најавува нов “Веропулос 2“ ... за влакно не се случи отварање на голем трговски центар на белградскиот тајкун Мишковиќ - “Делта“ ... стално сме под пресија на најава дека Словенците (МЕРКАТОР... и други) ке прават голем трговски центар во кругот на Скопски Саем ...
Сево ова сега води кон процес на гаснење на малите гранапски бизниси и пропаѓање на малите продавнчиња за се и сешто кои не ја издржуваат конкуренцијата од една страна на големиве тртовски центри од друга страна на трговијата по пазарите на затворено и отворено ... Скопски пазар стана сила ...
Кој тоа три пати префрлуваше, еден ист бизнис - три пати “од шупло во празно“ ... ??! ... Кого ке го окривиме за ова ... Сигурно кармата не е крива баш за се ...
No comments:
Post a Comment