Search This Blog

Thursday, March 15, 2007

НЕ СУРФАЈ !!?

Колку време треба да се поминува покрај компјутер ??! ... Колку време треба да се биде на Интернет ... за ова пишував веќе еднаш - КОМПЈУТЕРОТ ствара зависност ... и тогаш напишав дека - компјутерот ствара еден вид зависност и мора да се ограничува неговата употреба ... Ова е особено потребно (да се ограничува) кај децата ... поради оштетувањето на рбетниот столб и оштетвањето на очите ... Компјутерската зависност е особено изразена кај компјутерските игри и кај користењето на интернет ...

Сретнуваме термини како “ТВ наркоманија ... Компјутерска наркоманија ... Интернет наркоманија“ ... Врзување за екран - во подолг временски период ... доведува до осеќај на затупување, дезорјентација, дебелеење ... Воопшто пасивизација на духот ... Слабеење на видот ... Се успорува метаболизмот ... Се оштетува крвотокот ...

Кај децата зависници од компјутер имаме честа појава - кога одат во школо, тешко комуницираат со другите деца и наставиците ...

На темата пишува и денешен Вест ... Не сурфај, дружи се ...

** Еден од најдобрите факултети за инженерство во Индија го забрани пристапот до Интернет во студентските домови, велејќи дека зависноста од сурфањето, видеоигрите и блогирањето влијае врз успехот на студентите, ги прави повлечени и склони кон самоубиство.
** Студентите престануваат да се дружат и многумина доцнат на утринските предавања или ги преспиваат.
** Денес студентите не знаат кој живее вратата до нив зашто се премногу зафатени со Интернетот

Ми се чини дека оние кои користат интернет во неограничени количини и кај нас боледуваат од иста болест ... придружена со исти симтоми ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter