Search This Blog

Friday, March 16, 2007

УЈП ја мерка екстрадата

УЈП најавува дека ке ги анализира сите поп и фолк звезди кои не плќаат персонален данок. Изгледа дека на даночниците им се смачило само да даваат пари на естрадните уметници - кои вообичаено заработуваат само преку таканаречените тезги ... и евентуалните бакшиши.

Од управата велат дека естрадата не пријавува персонален данок а тие ревносно читајки штампа пратат кој каде гостува и колкав му бил хонорарот ... Повеќе прочитајте во написот од денеска на Дневник - Даночниците ќе го мерат богатството на естрадните ѕвезди ...

**
Во најголем број случаи се прават договори во четири очи помеѓу тој што го ангажира пејачот и изведувачот. На пример, на пејачот му исплатува 1.000 евра, а пријавува дека платил 100 евра. Остатокот од парите го пријавува како тековни трошоци, кои не се оданочуваат ...
** Просечен хонорар за една тезга, како што се нарекува настапот во естрадата, се движи помеѓу 200 и 500 евра, во зависност од популарноста на изведувачот
** Хонорарците - се должни до 15 март в година да ги пријават приходите и да платат данок за нив. Ова ќе биде прва проверка дали естрадните ѕвезди плаќаат данок.

Многу се поголеми хонорарите кои ги добиваат композиторите и аранжерите - кога некој кај нив ке нарача песна !! ... Па им предлагам на УЈП да ги провери и нив ... ем се помалку ем хонорарите им се високи.

No comments:

Blog Archive

Site Meter