Search This Blog

Tuesday, March 13, 2007

БЕЈБИ-БУМ

Од ден на ден човештвото се среќава со две прогресии ... Од една страна е рапидниот пораст на бројот на луѓето ... кој највеќе е изразен во сиромашните земји , земјите во развој а посебно во Кина, Индија и Малезиските земји ... И од друга страна со застрашувачкото намалување на наталитетот во високо развиените земји ... пред се во ЕУ ... Како и да е сеуште е поголема стапката на наталитетот од стапката на морталитетот ...

Интересни за мене се периодите во стресни ситуации ... поготово предвоени, воени и повоени ситуациикоага драстично се зголемува наталитетот ...

Така и написот на Шпиц - Војната предизвика бејби-бум во Израел ... ни открива дека

** Војната на Израел против либанскиот Хезболах минатата година влијаеше на зголемувањето на бројот на трудници во Израел. - Стресот поради неизвесноста водеше до барање моментни средства за релаксација, а резултатот е бејби-бум.

** Бројот на трудни жени исто така бил зголемен по шестдневната војна во 1967 година и за време на Јомкипурската војна во 1973 година против Египет и Сирија.

Изгледа дека инстинктот за продолжување на врстата работи со зголемен интензитет - во случаевите кога човекот се осеќа загрозен за својот живот ... Тоа е едната страна на медалот ... а зошто кај сиромасите е поголем наталитетот ... Веројатно затоа што немаат друга забава .... а не се приклучени и на интернет ... :)

No comments:

Blog Archive

Site Meter