Што е за мене “Блог пријател“ ??
Блог пријател е секој блог кој го читам ... некои ги читам редовно ... некои повремено ... некои инцидентно ... а некои воопшто не ги читам ...
Кои блогови ги читам редовно ?
Тоа се оние блогови кои се на мојата RSS листа ... Одлична и бесплатна алатка за тоа е Bloglines ... За лесно пратење на блоговите ... на сите им ја препорачувам оваа бесплатна алатка ... На блогерајот има алатка што се вика мој Блогерај ... истотака одлична алатка која ја користам ...
Сега зошто редовно ги читам блоговите од мојата RSS листа или од листата на мој Блогерај . Ги читам затоа што во нивните текстови наоѓам слични мислења и ставови ... Добро може да се и тотално различни од моите - тоагаш ги читам заради мојата лична оценка дека тоа го прават одлично ... Оние кои ги читам редовно знаат за тоа поради коментарите кои ги оставам таму ...
Ја имам одфрлено рубликата “блог пријател“ на блогот бидејки сметам дека е непотребно лигавење во стилот - ај ставиме во рубликата блог пријател за да те ставам и јас тебе ... За RSS потреба веќе кажав кои алатки ги користам ... Добро еден мој Блог пријател рече дека преку оваа алатка запознал многу блогери ... одејки на блоговите кои ги чита и преку него на блоговите на Блог пријателите наведени во листата ... Но истото може да се прави и ако одиш на блогови кои ги читаш ... па читајки ги коментирите на постовите се одлучуваш да прочиташ нешто и од некој кој оставил коментар кој те привлекол ...
Повремено ги читам оние блогови ... кога ке ме инспирира некој со интересен наслов на темата ... или кога ке видам добар коментар на туѓ блог ... така јас и ги наоѓам блоговите кои ги читам ... Секако се одлучувам да читам и некој блог кога ке видам добар коментар на мој пост ...
Не ги читам оние блогови кои не ме допираат со својата содржина ... Не ги читам оние блогови кои пишуваат арогантено ... со агресивен настап ... кои не оставаат ни малку место за корекција во нивните ставови ...
Може да се каже дека со читањето и пишувањето блог содржини заедно со коментарите имаш некаков “Виртуелен Секс“ ... добро не во буквална смисла ... туку во смисла на празнење на она што те мачи ... Тоа некако му испаѓа како кога - жена ке отиде кај првата комшика и во друшво на кафе убаво ке се изнаприкажат и пооговараат ... и така ке си ја олеснат душата ... Или наместо да појдеш кај матичниот свештеник на исповед ... се исповедаш на блогот ... а Блог пријателите читајки те, те ислушуваат ... коментирајки ти даваат на знаење како тие размислуваат на темата ... и така доаѓа до потребното емоционално празнење ... до таканаречениот од мене виртуелен секс ... Празнење од стресни ситуации ... од работи кои ти се вртат во главата и ти тежат ...
Надвор од темата ја поздравувам иницијативата на Дарко од Комуникации ... Блог листа на НВО Инфоцентар ... каде направил листа на МК блогови ... Ја поздравувам иницијативата и ве повикувам да предложите свој избор на блогови кои по ваш избор заслужуваат да се најдат на листата ...
No comments:
Post a Comment