Search This Blog

Friday, March 09, 2007

ЧОЈСТВО И ЈУНАШТВО

Чојството и Јунаштвото се работи на кои порано многу им се придавало значение ... Луѓето во текот на битките се бореле “фаца у фаца“ и ја гледале “ин лајф“ смртта на својот противник ... Се ценело Јунаштвото но уште поценето било Чојството ...

За чојството и јунаштвото пишувал Његош ... Његош го опиша црногорскиот "кодекс" како јунаштво (да се браниш себе од другите) и чојство (да ги браниш другите од себе). Вреди ли тоа денеска ? ... На едно место Његош ке напише:

“Немој сине говорити криво,
Ни по бабу, ни по стричевима,
Већ по правди Бога истинога! “

''Јунаштво је цар зла свакојега,
а и пиће најслађе душевно,
којијем се пјане поколења.''

''Удри врага, не остав' му трага,
Али губи обадва свијета!''

''Муж је бранич жене и детета,
народ бранич цркве и племена.
Чест је слава, светиња народна.''


Што се Чојство и Јунаштво ...

- Чојство или “човечност“ е човечка особина - со која се подразбира грижа за другите ...
- Јунаштво е да се сочуваш себеси од другите ... а Чојство е да ги сочуваш другите од себе ...
- Чојството и Јунаштвото предпоставуваат да бидеш морален и чесен човек ... каде човекот е спремен да се жртвува самиот себе заради правдината и слободата ...
- Јунаштво е да искочиш на мегдан на секого без исклучок ... и на подобриот од себе ... да не се исплашиш туку да бидеш јунак ... и што даде господ победа или пораз ...
- Чојство тоа е победа над самиот себе ... да се загуши омразата и осветата ... да бидеш праведен ... да бидеш човечен ...
- Чојство е да се бранат своите идеали ...
- Чојство е подвиг кога човекот ги штити другите од самиот себе ...
- Чојството се искажува дури со Јунаштвото - Јунаштвото кое како особина се ослонува само на Чојството ...
- Чојството е секако поголема особијна од Јунаштвото ...

Ако сето ова се стави во контекст на начинот на кој сега се води војна - ке се види дека од Чојство и Јунаштво нема ни трага ни глас ... Сега во функција на одбраната на националните интереси и цели се војува такаречи виртуелно ... од канцеларија завлен во удобна фотеља ... така ратуваат америте ... така ратуваа во Србија ... фрлаа паметни бомби со беспилотни летала ... од безбедна дистанца ... далеку од дометот на непријателот ... Така ратуваа и во Ирак во првата пустинска војна ... така планираат да ратуваат и во Иран ... Цивилните жртви се прогласуваа за колатерална штета ... Се маваше и по Болници и Возови ... По Пошти и Централи ... по МОСТОВИ ...

На сличен начин планираат да ратуваат и израелвите со таканаречените Роботи - убици ...

** Израелска фирма вчера го претстави своето ново оружје - робот со големина на телевизор, кој може самостојно да дејствува во борбени зони и да уништува непријателска сила стрелајќи гранати и куршуми од автоматски пиштол ...
** Роботот „Вајпер“ може да се движи и по скалила, песок, темни ходници, пештери и тесни тунели. Освен со пиштол „узи“ и фрлач на гранати, роботот може да биде опремен и со направа за откривање бомби. Нишанењето е од командниот центар, кој добива слики од камера на роботот.

И каде се тука Чојството и Јунаштвото ... каде е тука гледањето во фаца на противникот кога со меч го бодеш во срце ... Каде е почитувањето према Јунаците - кои дури и кога се заробени се обожуваат и се слават ...

Се се сведува на гола борба за територија и моќ на парите и оружјето ... Сега војувањето се се сведува на виртуелна игра во која далеку од фронтот некој притиска копчиња на својот компјутер ... а некој на фронтот гине од таквото стискање по компјутерот ... Не се ретки случаевите на “пријателски огин“ ...

Како и да е Чојството и Јунаштвото настануваат оној момент кога мора живата сила да стапне на непријателската територија и да се судри со народот кој е поробен ... значи нема бегање од Чојството и Јунаштвото ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter