Британскиот весник „Индипендент“ по повод 50-годишниот јубилеј на ЕУ што се прославува деновиве наведе 50 причини поради кои треба да се сака ЕУ.
- ЕУ значи крај на војната меѓу европските нации. Но, кај нас војна се' уште има, некаде со оружје, некаде вербално.
- Високиот степен на демократија во 27 земји. Во Македонија, пак, демократијата е во експанзија заедно со немањето демократска култура.
- За Ирска, Португалија и за Грција се вели дека сега се богати земји. А, Македонија се' уште е сиромашна.
- ЕУ го создала најголемиот светски трговски пазар. Македонија, пак, оддалечена е со светлосни години од тој пазар.
- ЕУ обезбедува, еднакви права за граѓаните на земјите-членки на ЕУ. Македонските граѓани, меѓутоа, се без право да ги определат своите државни граници како што е примерот со северната граница.
- ЕУ овозможува соработка на целиот континент за имиграциската политика. Нашата земја, пак, не прави такви проблеми бидејќи е во визен карантин.
- ЕУ остварува и соработка против криминалот преку Еуропол. Додека, пак, криминалците во Македонија се надвор од дофатот на Еуропол, а понекогаш и на македонската полиција.
- Во рамките на ЕУ бил загарантиран еден месец годишен платен одмор за сите работници во Европа. Во Македонија, меѓутоа, за една четвртина од населението одморот е во траење од цела година, и не е платен.
- Европејците имаат поевтини телефонски услуги поради конкуренцијата. Во Македонија е обратно и растат цените на телефонските услуги.
- ЕУ има и мала европска бирократија од 24 илјади вработени. Тоа, пак, е точно колку јавната и државната администрација во Македонија.
- Малцинските јазици како што се ирскиот, велшкиот и каталонскиот се признаени и заштитени во ЕУ. Македонскиот, меѓутоа, губи од значење дури и во Македонија.
- ЕУ им дава двапати повеќе помош на земјите во развој отколку САД. Македонија, за жал, уште долго време, наместо испорачател, ќе биде консумент на таа помош.
- Во рамките на ЕУ владеат строги безбедносни стандарди за автомобили, автобуси и авиони. Македонија е депонија на крнтии од автомобили.
- Европа дава бесплатна медицинска помош за туристите. Во Македонија е спорна медицинската помош и за граѓаните.
- Мировниците на ЕУ дејствуваат во сите критични зони во светот. Македонија и Балканот, пак, се' уште се корисници на нивните услуги.
- Карактеристика на ЕУ се и евтините авионски билети. Во Македонија авионските билети заедно со визата чинат цело богатство.
- ЕУ воведува пасоши за домашни миленичиња. Во Македонија денеска се' уште се дискутираат пасошите за луѓето.
- Во ЕУ растојанието од Лондон до Париз изнесува 2,5 часа. Во Македонија растојанието од Дебар до Берово изнесува 4,5 часа.
- Поголемата мобилност и студентска размена меѓу европската младина. Македонската младина, пак, чмае во Македонија.
- Во однос на засилената контрола на храната што се спроведува внатре во ЕУ, Македонија е на ниво на пионерски почетоци.
- Меѓу земјите-членки на ЕУ нема мачни чекања на границите. Но, очигледно не и за македонските граѓани.
- Членките на ЕУ обезбедуваат, според оваа листа на причини, и повисоко ниво на индивидуалните човекови права. Во Македонија, пак, човековите права засега се предмет на политички пазарења.
- Европскиот парламент обезбедувал демократска проверка на сите закони. Во Македонија во моментов тоа е „обврска“ на опозицијата без оглед дали е десницата или левицата.
- ЕУ, дава повеќе а не помалку суверенитет на своите држави. Македонија, меѓутоа, се' уште се бори да го зачува својот суверенитет.
Сигурно има и уште милион причини ... Ова ме подсетува на референцата која важеше за Косово ... “Стандарди - пред статус ...“ ... Изгледа таа референца важи сега за нас ...
Ке едитирам уште некои цртички кога ке ми дојдат на памет ... а предложите и вие ...
За мене приемот на Македонија во ЕУ - треба да се гледа како на политичко прашање пред се .... инаку услови за прием нема никојпат да исполниме - бидејки стандардите во ЕУ вака изолирани се неостварливи ... пред се во економска смисла на зборот ....
No comments:
Post a Comment