Владата по совет и идеја на Паско Кузман, директорот на Управата за културно наследство - реши да ги пополни празните места околу зградата на Владата и голите ходници ... Скулптурите што вчера беа положени пред Владата се од античкиот период на Македонија и се од Хераклеја, Стибера, кај Прилеп, од Стоби, како и од останатите локалитети со антички вредности од Струмица и од Штип.
"Со оваа идеја сакаме да му дадеме патина на просторот околу и во Владата. Таму доаѓаат странски делегации и многу други гости од светот, па сакаме да им покажеме дел од она што е потекло на оваа земја. Да се знае дека тоа се скулптури од времето од пред 2000 години и дека ние не сме некој без корен, тукутака насаден народ на оваа почва. Тоа се темелите, фундаментите на нашата држава"
Морам да изразам почит кон идејата ... Сепак вакви споменици - артефакти, кои со децении лежат по депоата подобро ке сведочат за историјата на места - каде ке има кој да ги види ... Мој предлог е највредните артефакти кои се по музеите ... за нив да се изработи соодветна копија и да се изложат на соодветен начин ... Дури мислам дека треба во близина на Владата или во самата Влада да има и простор каде би се изложила продажна галерија на копиите од артефактите ...
Деновиве бев во прилика да имам работа во Министерството за образование и наука ... Се изненадив од некои елементи на нечистотија и фрлени празни жардињери пред влезот ... а долу во ходникот маса со скршено дебело стакло ... Зградата на Владата и Министерствата не мора да се со најскапиот мебел на светот но просторот мора да зрачи со чистина и сјај ... недозволиво е да се гледаат детали кои се старудија и отпад ... Сепак се тоа Влада и Министерства ...
No comments:
Post a Comment