
Сегашната Влада во низата на проекти за култура ја најави и изградбата на зградата на Филхармонија ... Министерството за култура неодамна објави конкурс за идеен проект. На просторот меѓу Македонската опера и балет и Факултетот за музички уметности во Скопје треба да никне современа сала за симфониско концертирање која треба да биде готова до крајот на 2008 година. Архитекти од земјава и од странство имаат право да влезат во трката и да поднесуваат свои идејни решенија за новиот културен објект во кој, според плановите од Министерството, би требало да се смести нашата Филхармонија.
No comments:
Post a Comment