Search This Blog

Thursday, March 15, 2007

КНИГИ НА МЕТРО

http://www.cs.odu.edu/images/clipart/books/books08.gif
Во мое време пред некои 30 години беше модерно полиците да се украсуваат со книги во тврд повез ... Цветаше бизнисот на продажба на Книги на метро ... Толстој ... Ленин ... Тито ... и незнам што ... Се продаваа книги и само со корици ... онака за на полица ...

Ова се покажа како лоша инвестиција ... имено таквите “Книги на метро“ никој не ги читаше ... се полнеа со прашина ... и сега се или по подруми или во одпад ...

На ова се подсетив од денешниот напис во Дневник ... Повеќе од половината Британци купуваат книги не за читање туку - за украсување на своите домови ... Бре заостанати ова Британциве ...

** Во текот на животот Британците за купување книги во просек трошат по 4.000 фунти (6.000 евра). Четириесет и осум отсто од нив се изјасниле дека премногу се уморни за да читаат секој ден, а 42 отсто не се во состојба да се концентрираат на долга приказна.

Мислам дека читањето на книги не е омилена дисциплина ни кај нас - а поготово не кај младите ... Се сеќавам дека во наше време читањето на книги беше омилена дисциплина ... Братми да речеме ги прочита скоро сите книги од една библиотка каде членуваше ... Сега веројатно не заради тоа - тој докторираше во УСА и предава на еден универзитет ...

Па млади мои - процените саимте дали треба да читате книги ... или само ке буљите во ТВ екраните ... и ке се будите во два поручек ...
http://www.cs.odu.edu/images/clipart/books/shelf01.gif

No comments:

Blog Archive

Site Meter