Search This Blog

Monday, March 12, 2007

И ЈАС БИ ИГРАЛ ТАКА ... Туристичка Влада ... не само оваа ...

Можеби најслаба карика во владата на Груевски е Ташковиќ ... Најпрвин следеше информација дека незнае Македонски ... Па долго време ќутеше ... немаше комуникација со новинарите ... Заради него веројатно Владата размислува да направи систем за превод - да се спреми Владата за Мултиетичната - мултилеглвалност ... По воведувањето на мултиленгвалноста на парламентот - веројатно ке следи иста и во Владата ... Веројатно заради неразбирањето на јазикот се Ташковиќ не ни присаствува на седниците на Владата ... Кога сме тука и во минатата влаа имавме член кој не го владееше македонскиот јазик ...

Малку беше смешна изјавата (барем мене така ми прозвучи ...)
кога Ташковиќ обрајќајки се на странските инвеститори се обрати со зборовите ... кога би бил на ваше место и кога би имал пари би инвестирал во Македонија и би отворил една банка ...

Поголем успех од кампањата „Инвестирајте во Македонија“ во втората половина на годината ... ке почекаме да ги видиме успесите кои ги посакувам и јас самиот ... но времето брзо тече ...
Македонија ќе стане Сингапур во Европа - Од устата на Ташковиќ во ушите на господ ...
Ташковиќ ги покани бизнисмените да инвестираат во Македонија ...
АМБО ќе изгради основа за развој на балканските економии ...
Глигор Ташковиќ е шпиц играч во тимот од кој премиерот Никола Груевски ... освен за странски инвеститори размислува и за извоз на работна сила.
Ташковиќ во текот на посетата на Јужна Кореја ...
Ташковиќ денеска во Лондон ...
Ташковиќ во посета на Катар ...
Следната недела во Македонија, Бритиш Петролеум и Ројал Дач Шел ќе ги разгледаат условите за отварање бензиски пумпи ...
Нафтени компании ќе го дупчат Овчеполието ...
ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНИЈА-НОВ БИЗНИС РАЈ ВО ЕВРОПА ...
Моментно е во Јапонија ...
Колку дневни и патни трошоци се исплатени на господинот Ташковиќ и Самак ...
Италијански компании од автомобилската и ИТ индустрија доаѓаат во Македонија ...
И Катар сака да отвори бензински пумпи во Македонија ...
СДСМ: Плаќаме имот на диџеј менаџер! ...
За 40 години Македонија ќе стане европски Сингапур ...
Инвестицискиот рај во Македонија има цел да го достигне Сингапур ...
Американци нудат 150 милиони евра за гасификација на Скопје ...
Имотите на Самак и Ташковиќ го запалија Собранието ...
Граѓаните нетрпеливо ја чекаат розовата иднина на портокаловата приказна ...

Младиот господин Ташковиќ потоа го пратеше случај со оджувањето на неговиот имот во УСА ... па Владата мораше да оддели буџетски средства за таа намена - што даде форшпан на опозицијата да ја критикува Владата ...

Во меѓувреме Таковиќ поднаучил малку од Македонскиот - па почна на лош Македонски или на Англиски да држи прес конференции - набројувајки каде се патувал во минатата недела и каде се планира да патува ... Малку не беше транспарентен во имињата на партнерите со кои разговара ... велејки дека во светот на бизнисот додека не се постигне договор е подобро да не се обзнануват имиња (со ова се сложувам...)

Виде невиде Ташковиќ дека мора да има преведувач - за да не разбере нас Македонсите па ангажира преведувач ... Госпоѓицата Наталија Грубович -Натали ... познатата бинго девојка и манекенка (дај му на човекот ...) ...

И јас би играл така мајсторе ...


No comments:

Blog Archive

Site Meter