Search This Blog

Saturday, March 31, 2007

АНТИМАКЕДОНИЗАМ

Овој израз кој го сретнав во написот на денешен Утрински - Антимакедонизмот е основното мерило на патриотизам во Бугарија ...

Антимакедонизам во буквална смисла на зборот би означувал оној кој е против “Македонизмот“ ... или со други зборови против Македонската нација ...

Кој е во основа на линија на антимакедонизмот и зошто ... За ова пишував во моите постови за :

ОБЕЗЛИЧУВАЊЕТО НА НАЦИЈАТА - како светски процес ... Со посебен осврт на обезличувањето на Македонската Нација - 26 Јануари, 2007 - 13:41 и

УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ - 3 Март, 2007 - 11:40

Во основа сите четири соседни држави имат некаков елемент на антимакедонизам во својата политика према Македонецот и Македонија:

- Грција не ни го признава името и правото да се повикуваме на Античка Македонија и Античките Македонци – како дел од Македонскиот национален идентитет ...

- Бугарија не ни го признава Јазикот и голем дел од Историјата и историските личности ...

- Србија не ја признава самостојноста на МПЦ ...

- Албанија има јавни и тајни претензии кон дел од македонската територија ... Призренската лига

Антимакедонизам јасно искажуваат и македонските граѓани од Албанското национално малциство ... Не гласаа за самостојнста на Македонија кога одеше референдумот за самостојност ... Не гласаа за уствот ... Спроведоа референдум за Илирида ... Направија војна во Македонија под изговор за барае на човекови права ... Ја држат Македонија во визно гето во ЕУ ... Од петни жили се борат за федерализација на Македонија ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter