Search This Blog

Friday, March 09, 2007

СНЕМА СТРУЈА

Пред малку на сред работа на еден документ снема струја ... Првата мисла ми беше пцуење по другите и по самиот себе зошто не го сочував документот ... зошто до сега не си купив UPS ...

Потоа следеше проверка дали е кварот со домашните осигурачи ... па има ли струја кај комшиите ... Отворив прозор гледам светот се движи и без струја ... Почнав да си го замислувам светот како некојпат се живеело вез струја ... Струјата ја ставија во употреба на човечанството благодарение на Nikola Tesla, George Westinghouse, Lucien Gaulard, John Dixon Gibbs, и Oliver Shallenger меѓу 1881 до 1889. ... А пред тоа како било ...

Низ отворениот прозорец близу до кантите помина едно “возило“ - кољска запрега кое собира стара хартија, пластични шишиња ... и сл. “суровини“ од контејнерите ... и ми текна колкава била некојпат важноста на коњите ...

Отидов до кујна го погледнав шпоретот ... на кого сега ни кафе не можев да направам ... и се сетив за зафрлениот плин ... па се сетив на шпоретот на бабами и ми текна дека во зградата имаме оџак - кој по наши стандарди мора да го има во секоја зграда ...

Шпоретот на бабами ме врати во детството во село - кај дедоми кога немаше струја и си легнувавме брзо по првиот мрак ... ке вечеравме на лампа од газија ... или некоја свеќа и правец кревет (зборувам за раните шеесети од минатиот век ... уф си вкам дугачко паметам ...) ... е си велам затоа тогаш толку деца се раѓало ... луѓето рано ке си легнат и така сеуште со енергија се оддавале на најефтината забава и задоволство ... Дедуктивен заклкулок кривец за слабиот наталитет е појавата на струјата ... :)

Почнав да водам кратки прибелешки за мисливе што ме окупираа околу снемување на струјата ... синот отиде пешки надолу по скалите ... нема нормално ни лифт ... се врати задишан (шести спрат) и пцуејки ... еб*те нема лифт ... Во тој момент струјата дојде ...

Се вратив на компјутерот ... си викам ај да пробам да видам дали се сочувало нешто ... отварам Интернетот ... Фајаргоксот ме прашува дали да ја врати сесијата ... си викам ај да ја опробам среќата ... не само што се врати сесијата ... туку се врати и делот од документот кј го пишував ин лајв на интернет ... Почнав да го славам фајарфоксот ... Ај велам да видам што ке направи Ворд документот ... отварам ворд документот и тој ме прашува ... дали сакаш да го вратиш документот како последно сочуван со АвтоРекавер ... кликнувам и гледам скоро се си е на свое место ... Сега почнав да го славам и Виндоусот ... брзо заборавив на сите мисли - како изгледало времето кога немало струја ...

1 comment:

Photo Volan said...

Сега ми е криво што така бргу дојде струја ... ми ја прекина фантазијата и враќањето на меморијата како беше кога немаше струја ... кога струјата беше луксуз и дедоми не караше зошто не ја гасиме сијалицата ...

Blog Archive

Site Meter