Во подготовка е донесување на закон ЗАКОН ЗА БУЧАВА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ... Го изготви Министерството за животна средина и просторно планирање - кој е во согласност со европската регулатива ...
** Бучавата предизвикува замор, вознемиреност и раздразливост. Бучавата штетно влијае на вегетативниот нервен систем, а онаа со поголем интензитет ја зголемува работата на ендокрините жлезди, го зголемува крвниот притисок, го забрзува срцето, предизвикува нарушување при дишењето, губење апетит итн.
** Нормалниот разговор има јачина од 60 децибели, спортскиот автомобил 90, а експлозивното оружје има јачина од 180 децибели. Опасно ниво се постигнува при интензитет од 80, а смртоносно на 180 децибели
** Мерењата во Скопје во последната деценија покажале дека нивото на бучава на сите поголеми раскрсници е над максимално дозволеното дневно ниво.
** Според предлог-законот, како извори на бучава се сметаат индустриска, стопанска, занаетчиска постројка или инсталација, постројка или опрема во градежништвото, земјоделството и шумарството, патна, прекуводна и железничка инфраструктура, аеродром, хиподром, полигони, паркинзи, градби за спортски и други јавни приредби, автодроми, забавни паркови и други објекти што употребуваат звучни уреди.
Бучавата како негативна појава која влијае на квалитетот на живеењето до сега беше запоставувана - но благодарејки на усогласување на нашата регулатива со ЕУ - еве се спрема квалитетен помак - кон прецизно дефинирање на тоа што е дозволена емисија на бучава а што е штетно по здравјето ...
Воопшто нашите архитекти - урбанисти кои ги осмислуваат градежните целини (ДУП - ГУП ...) досега многу погрешно го дефинираа зонското решавање на статус на одредена зона ... Па така Скопје нема точно прецизирани зони каде се работи а каде треба да се живее - Се одеше по инерција на остатоците од турскиот начин на осмислување на поделбата на зони за работа и живеење - каде уствари нема поделба ...
Па така имаме во приземните спратови од зградите да се определуваат како зони каде се работи а горните катови како зони за живеење ... Во приземјата имаме разноразни гранапи, сервиси, кефеани, и незнам што - кои со своето работење - директно сметаат за квалитетно станбено живеење на граѓанинот - каде граѓанинот треба да се одмори и преспие ...
Не се ретки случаевите кога поради кафеаните од приземните спратови ноќно време не може да се преспие ... од бучавата и мирисите кои се шират од кафеаната ... не можеш да ја паркираш колата - паркингот е ист за тебе како станар и за гостинот на кафеаната ...
Во зграда се сместуваат сервисни локали кои поради потребата мора да уклулчат машини кои произведуваат јак звук ... и ете беља - ниту тој што работи најлегално нема аир и мир од граѓаннот кој нонстоп се жали - ниту граѓанинот не може на рат да се наспие и одмори ...
Имаме разноразни печатници - фризерски дуќани, сендвичари и незнам што ... кои употребуваат хемиски препарти штетни по околината а кои преку аспираторите дирекно одат на прозорите на комшиите од горните катови ... а кога печатниците ке ги уклучат машините ... тогаш од буката не се спие ... неможе да се одмори ...
Зоните за живеење не се доволно далеку одалечени од фабриките кои со својата бучава и штетното емитирање на отровни супстанци и честици - ги трујат своите комши кои непосредно живеат покрај нив ... Примери има многу ... Цементара ... Фабриката Треска ... Железара ... Металски завод Тито ... Кога малку ке размислам скоро сите постари фабрики се измешани со стамбените региони ...
Западот строго ги има разграничено областите за живеење - или како они ги викаат зони за одмарање ... од зоните за фабрики ... зони за големи трбовски центри ... Во зоните за живеење кои се далеку и од сообраќајниците нема ни трафика за весници ... За се мора да запалиш кола и да одиш неколку километри за пазарање или да отидеш на работа ...
Затоа поздравувам вакви законски решенија ... а на архитектите урбанисти им порачувам да стават прст на челото и да не дозболат нивните деца и внуци да страдаат поради нивното незнаење и кусогледост ... ние и така сме изгубена генерација во преводот на системите ...
Министерството за животна средина досега само правеше годишни извештаи за квалитетот на животната средина ... и толку ... погледнете ги за да видете во кави услови живееме ...
Search This Blog
Tuesday, March 27, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2007
(687)
-
▼
March
(80)
- АНТИМАКЕДОНИЗАМ
- МОЌНИЦИТЕ - во бизнисот со лекови во Македонија
- ДОЖД СО ПЕСОК - кисели дождови
- СЕ БАРА
- ШЛАКАНИЦА
- АВТОМОБИЛ НА ВОЗДУХ
- РАБОТА – Македонски синдром ...
- СКОПСКИТЕ БИЛБОРДИ
- Microsoft PowerToys for Windows XP
- ПРИНУДНА УПРАВА за Скопје
- ПОЛИТИКИН ЗАБАВНИК
- КОЦКАЊЕ и игри на среќа ...
- ЗАКОН ЗА БУЧАВА
- ГОЛФ инвестиција ...
- ДУБАИ и кавадаречкот зет ...
- ВО ВИНОТО Е СПАС - in vino veritas
- ЦИМИСКИ
- РЕКЛАМА и интернет
- МЕДИУМИ СО НОВИ СОПСТВЕНИЦИ
- ИНТЕРНЕТ и баба Трајанка
- САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски
- СТАНДАРДИ - пред статус
- ЛИНК ... ЛИНКУВАЊЕ ... Блог ... Интернет
- ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНИЈА - Invest in Macedonia
- НОВА БЕГАЛСКА КРИЗА - во Косово ...
- СИЛИКОНИ
- СЕКОЈА КАПКА Е ВАЖНА
- ИГОР ЏАМБАЗОВ - Отец Бинго
- МЕГЛЕНА КУНЕВА
- 2057 ... Angela Merkel
- ЏОНСОН МЕТИ - Johnson Matthey
- ЛОРАНДИТ - Алшар кај Кавадарци
- СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ - трската е фрлена
- ОСЛОМЕЈ ... игри
- УРАНИУМ ВО МАРИОВО
- Alena Seredova ... Buffon
- ЗОНО - манија
- БРИСЕЛ СЛАВИ ... а ние ...
- БУРЕК ... со јогрут
- НСДП - позиција или опозиција ??!
- АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - конкурс за споменик - Alex...
- ВРЕМЕ НА ЗАТВАРАЊЕ
- МАКЕДОНИЈА - отпад на ЕУ
- ЕМАНУЕЛА - Emmanuelle ... Sylvia Kristel
- УЈП ја мерка екстрадата
- Adriana Sklenarikova ... Karembeu
- НЕ СУРФАЈ !!?
- КНИГИ НА МЕТРО
- БИО-ПИРАМИДА
- АМБО vs. Бургас - Александрополис
- „Т-мобиле“ - при-пејд ваучери
- Oksana Andersson ... Wilhemsson
- ФИЛХАРМОНИЈА СО НОВА ЗГРАДА
- ИМАШ КУЌА - ВРАТИ СТАН ... неверни Тома
- БЕЈБИ-БУМ
- Со синџир во одбрана на националниот идентитет ...
- БЛОГ ПРИЈАТЕЛ - виртуелен секс
- И ЈАС БИ ИГРАЛ ТАКА ... Туристичка Влада ... не...
- БЛОГЕРАЈ
- ТАВЧЕ ГРАВЧЕ
- ОГЛЕДАЛО
- ИН МЕМОРИАМ - Освалдо Кавандоли-Кава - Баљум Баљум
- СНЕМА СТРУЈА
- ЧОЈСТВО И ЈУНАШТВО
- РАМНОПРАВНОСТА НА ЖЕНИТЕ
- ЗАТВОР ... Македонија
- Рамуш Харадинај
- ЗА ГРСТ ДОЛАРИ ... Браун и Рут
- БЕЗ КОМЕНТАР
- КОСТОВСКИ ... насекиран
- КАДИНО - Гранд клуб
- АЛБАНСКА КАУЗА
- АНТИЧКА ВЛАДА
- ЕТНИЧКА КСЕНОФОБИЈА и НАЦИОНАЛИЗАМ ... во Грција ...
- ЕТНИЧКА КСЕНОФОБИЈА и НАЦИОНАЛИЗАМ во Бугарија ...
- ВРАЌАЊЕ НА АРТЕФАКТИТЕ - дома
- КАКО СЕ ТРОШАТ - нашите пари
- УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ
- СКОПСКО КАЛЕ - конзервација и археолошки истражувања
- БИЗНИС со Шопинг Бизнис Центри ...
-
▼
March
(80)
1 comment:
Да им дадам адреса на тие кои ќе го подготвуваат законот, каде да се сместат за најдобро да ги почувствуваат ефектите на звучното загадување. Отприлика, се работи за стан кој гледа на Партизанска, на едно од најпрометните места во градот.
Е, таму бучавата не престанува 24 часа. Најголеми звучни загадувачи се дотраените автобуси, со нивните бучни мотори и шкрипави кочници. Ако ти се погодило да си на толку прометно место, па уште и одма карши автобуска постојка, си свршил работа, особено на лето.
Post a Comment