Search This Blog

Wednesday, February 28, 2007

ЗАФИР ХАЏИМАНОВ

Сликата “http://www.culture.in.mk/images/story/zafir.hadzimanov.m.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Зафир Хаџиманов мојот омилен пеач од младоста ... кој знаеше да запее “Земи моме македонче па да видиш што е рај“ ... се спрема по 40 години творечка работа на полето на мизиката, поезијата и актерството - на 15 март (со почеток во 20.30 ч.) да го одржи својот проштален концерт во Универзалната Сала. Концертот е во организација на Литтле Бротхер продукција ... И други весници велат дека е тоа “Проштален концерт на Зафир Хаџиманов“ ... во што се сомневам ... сметам дека е тоа маркетиншки трик ... Зафир ке пее додека го држи гласот а сеуште го држи ...

http://www.miss-una.com/zafir_hadzimanov.jpgСликата “http://www.barikada.com/slike/hadzimanov_zafir_single02.gif” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

На концертот ке настапи со својата стандардна екипа од фамилијата ... сопругата Сенка ... синот Васил ... ке биде придружуван од и танцовиот оркестар при МТВ, со кој ќе раководи Кире Костов ... Пред извесно време имаше сличен концерт во Београд ... кој беше со воодушевување примен од Београдската публика ... На сцената се појави и малата Марта (внуката – мезимчето на Зафир ...) на која и е веројатно предодредено да ја настави богатата музичка традиција на фамилијата Хаџиманови ...

Зафир Хаџиманов кој кај народот е познат како кантавтор во светот на шансоните или со други зборови поезија со музика. Како никој друг во Македонија и Србија има компонирано десетина шансони и балади на стиховите на нашите антологиски поети Константин Миладинов, Кочо Рачин, Блаже Коневски, Ацо Шопов, Душанка Максимовиќ и други ... Добитник е на бројни награди и признанија на фестивалите за поезија и музика почнувајки од “Струшки вечери на поезијата“ 1976 до “Интернационален фестивал на шансони “ во Загреб 2003 и 2005. Зафир Хаџиманов со посебна почит ја негува старата македонска песна.

http://www.b92.net/galerija/doc/esma/img/4.jpg

Има одржано концерти во СССР, САД, Канада, Куба, Австалија ... Настапува, и раскошно ја сее убавината на својата и наша музика и поезија на сцени како “Олимпија“во Париз, “ Опера хаус во Сиднеј, “Баљшој театар“ во Москва .

Добитник е и на наградите “Југословенска естрада“, “Истакнат уметник на Србија“, “Награда за животно дело“ од радио “Буба Мара“ во 2002, “Награда за животно дело“ од “ТВ Јесенин“ од Нови Сад во 2003 и “Златна маска“ за ширење на македонската култура по светот во 2006 година. Во 2007 објавува ЦД со своите најголеми фестивалски успеси “ Беше мај“

Зафир Хашиманов е мултилалент кој потекнува од музичко семејство. Тој е одличен како пејач, композитор – кантаутор, глумец, поет и водител ... Роден е во Кавадарци на 25 декември 1945 година. Татко му, Васил, бил етномузиколог и и магистер на фармација, интерпретатор и неуморен собирач на изворни македонски песни, а мајка му, Вера, учителка. Гимназија и средно музичко училиште завршил во Скопје. ... каде го привлекува со подеднаков жар театарот и музиката ... Иако желбата на таткому е да го доврши музичкото образование (Академија) за што има неоспорен талент Зафир се запишува во Београд на Факултетот за драмски уметности и 1967 година дипломира во класата на професор Мате Милошевиќ. Во една прилика на едно интрвју ке каже дека желбата на таткому е остварена преку неговиот син Васил (кој го носи името на дедому) кој заврши музичко образование и чекори по патеките на дедому и таткому ...






Пораснал "задоен" со изворната народна песна, во куќата на дедо му Зафир (значи го носи името на дедому) во Маџир Маало ... Пеел во ансамблите "АБЦД", "Димас", "Безимени". Од мал членувал во детската радиодрама. Вели дека Тодорка Кондова и Благоја Андреев се главни виновници за неговиот професионален избор - глумата.

Уште како студент Васил ги најавува своите таленти со успешни проекти во театарот ... филмот и шоу биснисот ...

Заминава на студии во Белград со кофер полн радио снимки. Не можеше секој да снима за радио Скопје (ке рече Зафир). Не беше како сега: влези сине во студио, па тато ќе плати, мама ќе плати. Или умееш или не умееш да пееш. - Се започна од детската радио драма.

Го забележа Димитар Масевски како си потпевнува, па основа еден квинтет, со Зафир како солист. Првата плоча ја снима во Белград, кога бил 2 година на студии, '62, '63 година. По првата плоча втора плоча, по втората плоча прв фестивал. Од тогаш, па се до постоењето на поранешна Југославија, нема фестивал на кој учествувал, а да не освоји барем по една награда ...

Во тоа време – кое беше време на фестивалите низ Југославија – за да успееш како пеач мораше да успееш на фестивал ... Во сплет на околности додека го служел воениот рок Зафир е поканет од Арсен Дедиќ – на фестивалот во Загреб во далечната '65 да исполни една негова композиција на "Човјек као ја". На фистивалот е приметен како одличен пејач а прогласен е и како најелегантен пејач на фестивалот – иако настапува во позајмена гардароба ... За ова Зафир ке рече: “Кошулата ми ја позајми сега големиот режисер Александар Мандиќ, вратоврската ја добил од кумот Стефче Ацевски. За костум и некако успеал да собере некоја паричка, а чевли купивле по пола со другар. ... Потоа фестивалите го сакаат Зафира се редат Скопскиот ... Опатија ... повторно Загреб ...

Почнуваат турнеи по Југославија но и по Русија - каде што снимил неколку плочи и телевизиски шоу-емисии. На четиримесечната турнеја во Русија ја запознава пејачката Сенка Велетаниќ – каде веројатно започнува љубовната ромаса која сеуште трае ...



Во едно интервју за Вест ке изјави: “.. Секоја моја песна си има некоја своја приказна. Пишувам стихови уште од многу млад. Зад себе имам имам 300-400 стихови за шаносони и забавни мелодии. Од тоа се изродија шесте книги поезија, станав демек и песник кој може да се чита и да се говори. Доживеав неколку пати да ме викнат и на струшките вечери на поезијата. Но, првата музика ја напишав по еден краток разговор со татко ми. Беше етномузиколог, и не ми се мешаше во работата, во изборот на композициите. Никогаш не ми кажа, но знаев и чуствував дека сака да тргнам по неговите стапки. А јас пеев и песни кои не ми се допаѓаа. Кога си популарен пејач сите композитори ти нудат свои песни, а не е во ред да одбиваш, зашто после ќе се зборува дека си лош за соработка. Татко ми ми го реши тој проблем со само два збора. Ми рече: "Пишувај сам". Првата моја фестивалска кантавторска песна ја напишав во годината кога останав без мојот татко. Тоа е "Како

Вардар", која ми се чини најдолго остана. Се пее и по меани и на свадби, а не доби награда на Скопскиот фестивал. Ми рекле дека таа песна е формула како треба да се пишува музика и стих а да звучи македонски...“

Зафир се опробува и во Мјузикли - автор на единствениот македонски мјузикл "Ало будење", во кој ја раскажува приказната за дете-бегалец, без место под сонцето, кое се обидува да се најде себеси во уметноста.

http://www.prometej.co.yu/images/knjige/small/kiselo_veselo.jpgЗа книгата "Кисело весело" самиот Зафир ке рече: Тоа е моја збирка на раскази која зборува за едно мое детство и прва младост, а најмногу од се за едно Скопје кое повеќе го нема. Ова е книга која што има малку измислици, еден послободен приод, но и многу автобиографски детали. Сега е на ред вториот том "Весело кисело", за периодот од кога се преселив во Белград, се додека било весело-кисело. Третиот том ќе биде изгледа дека ќе биде само кисело-кисело, а можеби и само весело-весело. ...

Во Бродвеј каде отиде по стапките на својот син каде игра во светскиот мјузикл "Занесени", а за "крем" во актерската кариера ја смета улогата во мјузиклот "Виолинист на покривот", која ја толкувал и во театарот "Форум ", во Бостон. Како дојде до ова Зафир раскажува: “.. Во 1996 со Сенка отидовме на дипломска вечер на синот Васил, кој дипломираше на "Беркли колеџ оф мјузик". Во кафеана ја запеав "Да сум богат човек", режисерот на мјузиклот ме слушнал и веднаш ме ангажираше. Во Бостон останав два месеца. По враќањето, во Нови Сад ја толкував главната улога во мјузиклот "Човекот од Ла Манча", кој се постави во "Српско народно позориште". Актерството беше мојата најголема љубов..“

Зафир осем што има прекрасен вокал – свири одлично гитара и пијано, а одлично ги зборува рускиот и англискиот јазик ... со носталгија и со треперлив глас - зборува за татко му - кој истотака одлично свирел на музички инструменти ...

Како глумец Зафир игра главни улоги во филмовите Македонска крвава свадба (Главна улога) 1967 … Време без војна (Споредна улога) 1969 ... Македонска сага (Споредна улога) 1993 ... Makedonska saga (1994) ... Higijenske navike vojnika (1972) ... Vreme bez rata (1969) ... Noz (1967) ...


Од театарските сцени настапува во “Театарот на Теразија“ ... “Атеље 212“ ... “Драмски театар во Скопје“ ... “Драмски театар во Нови Сад“ ... и театарот во Бостон USA ("Forum Theatre"). Добитник е на годишната глумачка награда на “Србското народно позориште“ и специјална повелба на “Здружението на театарските уметници во Србија“ за висок домет во светот на глумата ...

Зафир се вклопува меѓу Београѓани но не ја заборава Македонија која верувам ја носи во срцето ... Веројатно тоа е причината да биде и председател на југословенско - македонското друштво, "Шар Планина" ... Има организирано прекрасни илинденски собири, на брегот на Сава со уметници од Белград и од Македонија. Се опробува и во политичките води – на последните избори беше кандидат за пратеник во српското собрание на партијата Либерали на Србија.

Често си доаѓа и дома во Скоје ... има оставено мал стан каде ги чува спомените од детството ... пијаното ... неколку гитари и мандолини ... стариот орамар ... во кој се осеќа духот на фамилијарната историја и мирисот од домот на таткому и дедому ...

За доаѓањето во саканото Скопје ке реќе: “.. Секогаш кога доаѓам во Скопје предизвик ми е да ги спојам професионалното и дружењето со моите мили луѓе..“ ... Такво нешто се случи и на прославата на 63 годишнината на Зафир во Скопје ... . Со убава песна, добро вино и роденденска песна се славеше до ранте утрински часови во хотелот "Континентал". Дружбата заврши во ситните саати и со ветување за скорешна реприза ...

Интересно е што Валил Хаџиманов има свои албуми и плочи издадено за ПГП, РТС и за Југотон – но ништо нема издадено во домашната куќа МРТВ ... Се надевам некој ке се сети да ја исправи неправдата ... заедно со репринт на песните од таткому за кој има стари записи ... а и таткому има одличен глас ...

Снимил шест албуми и околу 100 мали плочи, и првиот компакт-диск "Од љубов не се бега".

Зафир знае да каже дека мора да ја освоиш публиката ... си споменува за времето кога секој не можеше да биде пеач (мораше да има талент) ... а не како сега ... дали си го поткупил уредникот да те пушта по сто пати на радио, дали е местен фестивалот, кој ти е татко, кој е со кого во тајна врска... Немаше автомобили, се возевме со возови и автобуси... Во салите немаше пијано, па го заменувавме со хармоника... Бевме среќни ако се докопаме до некое гитарче...

На прашањето што како што највеќе се пронаоѓа меѓу глумата – пеењето и поезијата ке рече: “.. Актер, пејач, композитор или поет? Тоа е едно исто, вели тој, едно со друго се совпаѓа. Ако е ангажиран како актер, целосно му е посветен на тетарот, се додека не ги освои времето и просторот. Кога завршува таа задача, има време да седне дома, да напише некоја убава балада, шансона, некој стих. Ако е на турнеја, тогаш е пејач, во втор план се театарот и поезијата. "Секоја дарба од бога треба да се искористи, само ниту еден човек не може да носи три лубеници во една рака" ..

Ако се прашам кои композиции од Зафир ми останаа најзапаметени – сигурно ке биде ена од неговите незаборавни:

- "Како Вардар",
- "Ноќеска шумеа брезите",
- "Љубов неверна",
- "Љуби ме и главата горе"
- “
Земи моме македонче па да видиш што е рај“
-
"Од љубов не се бега"
- “Девојко, зрела јаболко

- “Био је мај“
- “Са ноќ седам Трено“

2 comments:

Anonymous said...

Hello. And Bye.

Anonymous said...

Как получить Визу в Братиславу?
Очень просто!
Выбрать турагенство, которое смогло бы организовать и получение визы в Украине по
своей путевке или самостоятельно — на основании проплаченной путевки получать визу , прийдя в консульство с ваучером.
есть еще вопросики?! пишите в мой блог http://slovakiainvest.blog.ru
С Уважением Юлия :)

Blog Archive

Site Meter