Search This Blog

Wednesday, February 28, 2007

ПОМОДАРСТВО - домашни миленичиња ...


Многу луѓе во потрага по своевидно “покажување пред јавноста и комшиите“ чуваат во несоодветни услови - разноразни домашни миленичења ... кучиња, мачиња, змии, мајмуни, крокодили ... и незнам што ...

Луѓето избегаваат да чуваат деца по дома ... го ограничуваат бројот на децата ... но затоа е помодарство во несоодветни услови да чуваат домашни миленичиња ... за да ги видат комшиите дека и тие имаат домашно милениче ... демек се грижат за природата ...

Не верувам дека доманите миленичиња им е убаво да бидат затварани по домовите и чувани во еден вид “робство“ - во домашните услови ... Имено далеку се од природните средини ... ограничени се во движењето ... еден дом никако не може да ја замени природната средина за било кој животински вид ...

Вистинскиот љубител на животните ке искочи и во природна средина ке помогне некој загрозен вид ... да речеме ке купи стог сено и ке нахрани срни во зимските денови кога нема храна во природата ... сега никој нема да го види - но тој барем ке си ја нахрани душата и совеста ... За мене е најдобро животните да се остават да егзистираат во нивните природни средини ...

Добро ОК е некој да чува домашно милениче (куче, маче...) во услови каде има двор (селски услови да речеме) - каде домашните миленичиње нема да бидат врзувани со ланци (затворски услови) ... туку слободно ке ја користат природата околу куќата ...

Воопшто куќите даваат подобри услови за чување на домашни миленичиња ... По становите се мачат и животните и луѓето а нарочно без никаква вина се мачат комшиите ... Замислите ситуација некој со змија околу врат искочи и заедно со вас во лифт се симне да ја прошета змијата - милениче ... во заедничкиот двор каде се играат децата а постарите луѓе одмараат по клупите ...

Верувам дека со моиве погледи ке се сложат повеќето луѓе ... Ова нема да им одговара само на оние кои од домашните миленичиња прават бизнис и помодарство ...


No comments:

Blog Archive

Site Meter