За мене оваа промоција беше “мало убаво нешто“ - што ми го разубави денот и долго време ке стои како едно пријатно доживување ... заради самата представа на промоција на книга за поезија ... комбинирана со промоција на една мала но оригинална модна ревија со креации на модната дизајнерка Лепослава Дабевска Јанакиева.
Како и промоцијата на ново локално вино на Господинот Благој Кучиев - бренд на вино „Св. Елена“ кој треба да добие свое место во винските македонски сорти .... фино црвено вино (белото не го пробав) - кое подсетува по малку на доброто домашно црвено ... има добар вкус под јазикот ... малку блага жичка ... локален мирис на поднебјето ... но пријатно се восприема со стомачните сокови ...
Пред промоцијата ... за веме на промоцијата ... и после промоцијата се случуваше интензивно дружење меѓу мала блогерска заедница Арвена, Анастас, Гершанина, Волан, Хулахопа, Рибаро и Орде, Намерник и музата Марина ... (преземено од Развигор) . Ова дружење го збогати мојот осеќај дека денот го поминав фино ... угодно ... и ке биде еден од деновите кога ми се случи “мало убаво нешто“ ... она кое му е потребно на секој поединец за да го дефинира животот како убав и исполнет ...
Свои импресии преку постови дадоа:
* Венера - Ден потоа....
* ХулаХопа - Венера со боемите ...
* gersanina -вероника
* Развигор - Промоцијата на книгата на Венера - накратко
* Рибаро - Вероника
* milozvu4na - Промоцијата на Вероника
п.с. Малку ми е криво што времето баш не беше наклонето на случувањето ... беше по малку тмурен и благо врнежлив ден ... не ми се оствари желбата да се прочита некоја од песните на Вероника на платото на Амфитеатарот на Стоби и така денот да го заокружиме со уште едно фино “мало нешто“ ...
No comments:
Post a Comment