Кликни на програмата за да ја прочиташ.
Неколку пати со свои коментари на мојот блог poinakov се трудеше да ја “амнестира“ владата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема обврска да се грижи за вработувањето на народот - туку дека само треба да ствара услови да се зголемува вработувањето ... За ова народски се вели “Не по врат - по шија“ ...
“..Кај сакаш владата да отвора работни места..“
“..Таа треба да создаде услови за домашните и странските инвеститори да отвараат работни места..“
Незнам зошто некои луѓе сакаат да ја амнестираат владата - дека таа нема обврски да отвора нови работни места ...
Си велам тогаш на база на кои ветувања ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите – ако не ветиле нови вработувања и подобрување на животниот стандард ... и за да го проверам тоа го проверив она што е запишано во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ „Преродба во сто чекори“ ...
Без некој редослед еве што е напишано во „Преродба во сто чекори“ ... во врска со вработувањето ...
** Вработувањето е најважна работа за секој човек. Само вработени луѓе имаат надеж за подобар живот и насмевка на лицата, со радост размислуваат за брак, потомство, купување стан или автомобил ...
** Денес се смета дека најголемиот проблем со кој Македонија треба веднаш и одлучно да се справи е проблемот на огромната невработеност. Основи предуслови за намалување на невработеноста се заживување на економијата, влез на приватен домашен и странски капитал и секако вложување во квалитетна и едуцирана работна сила ...
** Цел: привремено решавање на невработеноста во најсиромашните 20 општини Целта е во текот на четири години да се креираат околу 2000 привремени работни места;
** Брзо и ефикасно исполнување на обврските од мислењето на ЕУ, во кое се наведени најважните проблеми со кои се соочува земјата во сите сектори и реформите што треба да се спроведат:
** .. Зајакнувањето на регионалната економска соработка ќе придонесе за подобрување на националната економија, за намалување на невработеноста, за поквалитетен животен стандард и за подобрување на конкурентноста на компаниите ..
** 1.2 Економски пресврт и намалување на невработеноста (посебна точка во програмата)
** .. едноставни и ниски даноци е еден од основните предуслови за економски напредок Даночното оптоварување на платите и на профитот во Република Македонија не соодветствува на потребата од радикално намалување на невработеноста и поттикнување на инвестициите ..
** .. вложувањата во инфраструктурата се од витално значење за намалување на невработеноста и сиромаштијата ..
** 6.2 Програма за активни политики (дадени се мерки за вработување)
Незнам зошто толку многу се загрижуваат луѓето кога некој ја критикува Владата ... ВМРО-ДПМНЕ вети дека дека ке работи на принципите на чесност, транспарентност и одговорност. ...
Понатака во програмата се вели: “..Ќе воведеме иновативен и ефикасен инструмент за подобрување на јавните услуги и борба против бирократијата и корупцијата: Граѓански дневник, кој успешно се применува во многу земји во светот Граѓаните ќе ја оценуваат работата ... Блоговите се нели лични дневници ...
И за крај на ова истражување во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ се вели:
“.. Ќе ја вратиме демократијата во нашата практика. Медиумите и граѓанскиот сектор ќе ги третираме како генератор на промената на прогресот и како фактор во функција на интересите на граѓаните
1 comment:
Се надевам дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја читаат програмата ...
Од остварувањето на сопствената програме ке зависи - дали ке останат на власт на наредните избори ...
Post a Comment