Возачите не треба да заборават дека се возачи ... тоа им е главната задача ... а за се друго треба да се грижат други служби ... инспекции ... полиција ... обезбедување ...
За ова пишува и денешен Дневник - Лани претепани четиринаесет возачи ...
** Четиринаесет возачи вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) лани биле нападнати и претепани додека ги извршувале работните задачи
** Еден од нив останал без уво, кое насилниците му го отсекле со нож, а двајца, по траумите доживеани како последица од нападите, никогаш повеќе не му се вратиле на возењето.
** Најчеста причина за нападите е девијантното однесување на граѓаните што одбиваат да извадат автобуски билети.
** Сите реони во градот се критични, но како најопасни ги издвојуваат трасите од Бит-пазар кон Автокоманда, од Карпош кон Сарај, како и патот кон Драчево и линијата по која се движат автобусите со број 9 и 19, кои сообраќаат кон Шуто Оризари и Топанско Поле.
** Во случај на напад, возачот преку радиостаница се јавува во базата, од каде што ја информираат полицијата, која веднаш доаѓа на самото место.
Дали ЈСП слушнале за Видео надзор со камери ... Така работите ке се пратат во старт од нивното настанување со глас и слика ... ке се знае кој е крив ... и лесно ке бидат фатени оние кои го предизвикуваат инцидентот ... А службата за надзор преку директно следење на снимките ке знае кога ситуацијата станува критична ... и пред да настане инцидентот ке го спречи ...
- Испукани куршуми во полн автобус на ЈСП во Чаир
- Телевизори во градските автобуси - Од ЈСП
- Насилници со бејзбол палка демолирале автобус со патници
- Повредена жена во каменуван автобус на ЈСП
No comments:
Post a Comment