Вкупното земјоделско земјиште изнесува околу 1,265,000 ха во 2004 година (или помалку од 50% од вкупната површина на земјата). Структурата на вкупното земјоделско земјиште е
- 44% обработливо земјоделско земјиште (560.000 ха), околу
- 55% пасишта (70.000 ха) и помалку од
- 1% мочурливо земјиште и рибници (1.000 ха).
Повеќето од обработливото земјоделско земјиште се користи за производство на житни/полјоделски култури и градини (82% или 461,000 ха); остатокот е поделен на овоштарници (3% или 15.000 ха), лозја (5% или 26.000 ха) и ливади (10% ор 58.000 ха).
Овчарството во Р. Македонија претставува значајна сточарска гранка со долгогодишна традиција ...
Овчарството секогаш базирало на мали индивидуални домаќинства, фарми со големина на стадата од 20-200 овци, а поретко над 500. Со мали исклучоци тоа се семејни фарми со сопствена работна рака, сопствена обработлива површина и објекти за сместување.
Според официјалните статистички податоци од 2001 година, вкупниот број овци во Р. Македонија изнесува околу 1.250.000 грла - овчарството базира на ефтината сточна храна од искористување на природните пасишта ...
Македонија го потикнува развојот на овчарството на различни начини ... Минатата година на 80.000 земјоделци им беа поделени 16,5 милиони евра од Министерството за земјоделство (на сите земјоделци - во просек цирка 206 евра по земјоделец - просечна МК плата ... Со пописот од 1994 година регистрирани се околу 178.000 земјоделски домаќинства ...) Од 16,5 милиони евра - 13,8 милиони евра се за растително производство (тутун, пченка, пченица, јачмен, лозарство и овоштарство), а 2,6 милиони евра за сточарство, од кои најголем дел, 1,5 милион евра, за одржување на основното стадо овци... - цирка едно евро по овца ...
Колку од оваа помош за МК земјоделец одпаѓа на Овчарите и не е битно во случајов - битно е дека се приметени огромен број на фингирани случаи за искажување на бројот на овците по домаќинство ... со што помошта не отишла таму кај е најпотребна ...
Од Министреството за земјоделие и од државниот инспекторат се правдаат дека ова просто не може да се исконтролира - поради големиот број на индивидуални случаи на помош и малиот број на инспектори ... Казни има големи се - казните се до 300.000 денари, а е предвидена и казна затвор ... Зарем во Министерството за земјоделие и инспекторатот не слушнале дека “стравот лозјето го чува“ ... верувам дека нема казнет земјоделец за лажно пријавување ...
За “Овците Македонски“ пишував неколку пати - линк 1, 2, 3, ... Само овци стојат мирно кога ги стрижат ... Ние “Македонските Овци“ - треба да се побуниме ... имаше преголем број на слушаи на “шишање“ и “кратско подстрижување“ ... Оштро протестирам и барам - да се воведе ден на “Македонските Овци“... па наздравје ...
1 comment:
Државни пари за фантомски овци
дневник- среда, 21 февруари 2007
** Државниот инспекторат за земјоделство физички не може да ги исконтролира сите што добиле помош, а земјоделците револтирани тврдат дека „ветрот ги дува парите во погрешна насока“ ...
Post a Comment