Search This Blog

Thursday, February 15, 2007

ЖИВКО ПРЕНЏОВ

Инспириран од еден коментар на мојот блог на постот за ВЕРОНИКА каде zprendzov рече “..Прекрасни зборови со кои е илустриран вкусот на виното на Св. Елена...“- за да видам кој ми го оставил коментарот го посетив неговиот блог ...

... кој всушност представува Блог/Сајт - за промоција на ликовната уметност на Жи­­в­ко Прен­џов.

Ако го подготвувал самиот - техничкиот изглед на Блогот ... тоа значи дека не само што ги совладал техниките на уметноста ... туку навлегол и во техниките на ИКТ ... Можно е да му помогнал и некој од многуте Велешани - собрани околу градоначалникот на Велес Аце Коцевски ... кој собра околу себе неколку млади способни ИКТ стучњаци ...

Кој е Жи­­в­ко Прен­џов?

Самиот тој во своето CV - ке наведе ...

Роден во Велес. Завршува педагошка академија во Скопје во 1982 година, а потоа и Факултет за ликовна уметност во Скопје, на педагошкиот оддел, графичка насока. Член на Друштвото на ликовни уметници на Велес и Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Работната кариера ја започнува во 1979 година во археолошкиот
локалитет Стоби, како конзерватор на фреско живопис и движен археолошки инвентар. Од 1989 година работи како дизајнер во текстилната фабрика "Нокатекс", а од 1996 година како професор по ликовно во основно образование.
Учествува на многу групни изложби кои се организирани од страна на ДЛУВ и ДЛУМ.

Самостојно излага во Ликовниот салон во Велес, 2006 год.“

Ке си дозволам тука да направам и “Ликовна критика“ ... но не како стручно лице ... бидејкитоа не сум ... туку како обичен консумент на уметност ... Вистинската ликовна критика за уметничките дострели на Живко Пренџов - прочитајте ја тука ...

Инспирацијата за своето творештво ја црпи од Велес (градот на гемитџиите и Рацин) и околината ... Од прекрасната стара архитектура на Велес која е позната и во светски рамки ... од тесните улички и разните зидини и кепенци ... од многуте маала на Велес ... Којник - посебно ... од оноа кое секојденевно го гледа и доживува ... Го инспирираат и водите ... Вардар ... езерото Младост ... црковната архитектура ... историскиот идентитет на Велес и велешани ...

Moeto maalo.jpg

Работи во техниките на графика (Сериграфија) и масло на платно ... Колоритот на боите во неговото сликарство е представено преку доминантна улога на една боја (сината ... кафената/окер ... зелената ...) од која се прелеваат палета на слични бои ... Опсесија му се сината боја ... веројатно од небото и вселената ... кафената/окер со сите придружни нијанси ... од полето и земјата во околината на Велес ... Зелената - боја на пролетта, вегетацијата ... Преминувањето нијансирањето на сличните бои особено му е изразено како потреба за чувство на блискост на боите кои се една хармонија пренесена од авторот на неговото платно ...

Интересен е неговиот обид на вметнување на ликови во неговата слика - Исчекување ...

Iscekuvanje.jpg

Се чини во горната слика како да ја вметнал големата мајка Богородица со нејзиниот Син (Син божји) ...

Покажува дека знае да биде и добар потретиста ...

Првата промотивна самостојна изложба му е во Велес во во велешкиот нов ликовен салон.

1 comment:

againbor.blogspot.com said...

Прекрасно Волан секоја чест на овој голем уметник...за прв пат ги видов вчера сликте и сум опчинета...едноставно ДЛАБОКА ПОЧИТ..кон овој господин...поздрав

Blog Archive

Site Meter