Search This Blog

Thursday, February 01, 2007

ПЛАТА

Најновите извештаи за просечната МК плата покажуваат во споредба со платите во бившите ЈУ републики - дека во Македонија имаме најниска просечна плата:

- Македонија 221 евро,
- Босна и Херцеговина и Црна Гора со по 250 евра,
- Србија со 358
- Хрватска со 664
- Словенија со 750 евра.

Како прежувува македонецот со вакви плати ... кои комбинирани со огромната бројака на невработеност - покажуваат дека сме банкрот држава ...

Дефинитивно во Македонија никој не живее од плата ... затоа имаме огромен процент на мито и корупција ... 15 години од самостојноста наместо да ги решаваме економските и социјалните проблеми и наместо на гласачот да му е важно што досегашната власт направи за да ми биде подобро ... во економска смисла ... Ние секојпат гласаме за да казниме некого ... и веруваме на убавите зборови и прикаски ...

Мислам дека не постои друга нација на светот на која и е поважна историјата да речеме ... одколку решавањето на економските проблеми ... Па луѓе мои историјата е навистина многу важна ... но од историја не се живее ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter