“... На Блогерајов се поведе вистинска војна меѓу блогери од Македонија и Бугарија ... За ова пишував неколку пати - видете линкови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, ... За ова пишуваа и многу други блогери пред и после мојот пост БУГАРСКО МАКЕДОНСКИ (односи-релации) - но на него дадов линкови на кои постови на блогерајот кој што пишувал ... Имам осеќај дека бугарските блогери на Блогерај настапуваат “оркестрирано“ ...“
Некако брзо после тоа се случи напаѓањето на сајтот на Председателот на РМ ... “...Бугарскиот државен грб и националното мото „Заедништвото ја прави силата“ со куса порака осамнаа вчера на официјалната интернет-страница на шефот на државата Бранко Црвенковски по упадот од непознат хакер од Бугарија ...“
За Хакерите на Блогерајот имав свој пост ... на 23 Октомври, 2006
Најновата вест гласи во своевидната интернет војна гласи: МАКЕДОНСКИ ХАКЕРИ ИМ ВРАТИЈА НА БУГАРСКИТЕ - Црвенковски и Прванов војуваат на Интернет ... “...
Македонски хакери го нападнаа официјалниот веб-сајт на бугарскиот претседател Георги Прванов, како одмазда за хакерите што на 21 јануари поставија текст на бугарски јазик на страницата на македонскиот претседател Бранко Црвенковски.
„Имаме силни докази дека нападот врз македонскиот претседател беше план, нарачан и платен од бугарската влада, а го изведе хакерската група ТИМ ЛЗО. Трансферот на парите е направен преку „Прва карипска банка“, а крајната дестинација на парите е во Лос Анџелес“, пишува во текстот објавен на сајтот на бугарскиот претседател под кој е потпишана групата Македонски обединети сили...“
No comments:
Post a Comment