Search This Blog

Friday, February 02, 2007

ЛАТАС - акција и реакција

АКЦИЈА

На 22.01.2007 Лтас во Вечер во написот Рајхстаг ке напише:

“..Зошто Доста Димовска, чиј идол е Мара Бунева, не го испружи среде Софија Каракачанов, и така да придонесе и Пиринска да биде слободна како Вардарска Македонија?!..“

“Пред пет-шест години Доста Димовска постави, без дозвола, спомен-плоча на Мара Бунева, која за себе мислела дека е Бугарка. Ладно го убила цивилот, државниот службеник на тогашното Кралство Југославија, извесен Прелиќ. Тоа, за Доста Димовска, бил херојски отпор против српската окупација. Патем, кажа дека и себеси се смета за современа Мара Бунева...“

“Бугарите велат нивни сме, и не ни признаваат ни јазик ни народ... ако Вардарска Македонија е ослободена, во содејство на македонските и српски партизани - Пиринска е се уште под бугарска окупација, нели.
Па, како и Мара Бунева, нека земе и Доста Димовска оружје, и нека го испружи со него Каракачанов среде Софија. Алтернативно, може и некој градоначалник на Благоевград, Ќустендил... или друго место во Пиринска Македонија, и нека придонесе до ослободување на Пиринска со свој чин и жртва.“

РЕАКЦИЈА

Каракачанов - реагираше: Да не му се издава бугарска виза на Латас!
“..Во однос на неговите закани на моја адреса - му советувам, ако некој ден случајно добие бугарска виза, или, пак, јас случајно отидам во Македонија, подобро за него да избегне средба со мене, вели уште лидерот на ВМРО-БНД.....“

ВМРО-БНД ќе бара забрана за влез во Бугарија на македонски новинари
“..Меѓу нив се Виктор Цветановски, поранешниот дописник на „Нова Македонија“ од Софија, а сега новинар во „Утрински весник“, Драган Павловиќ Латас од весникот „Вечер“, Бранко Ѓорѓевски од весникот „Дневник“,..“ - потоа списокот и се прошири ..

Предаването с интервютата ... ТВ емисија на БТВ .... (25 минутен прилог) - Кој со наслов “Македонизмот е во криза“ е вистински памфлет ...

КОЈ И КАКО ОД БУГАРИЈА МЕНАЏИРА КРИЗА НА ОДНОСИ?!

“..
од бугарска страна не се работи само за индивидуални националистички ставови, покажува и денешната информација пренесена од бугарската агенција Фокус, дека Главното обвинителство во Софија покренува истрага против уредникот на Вечер Драган Павловиќ Латас, за закана врз ултранационалистот Красимир Каракачанов со пишувањето за случајот Мара Бунева. Во коментарот Рајхстаг, уредникот на Вечер и предложил на Доста Димова, промотор на Мара Бунева, да го направи самата тоа што го пропагира. Да оди во Софија и да го испружи Каракачанов, жртвувајќи се какао Мара Бунева со сосптвен пример за ослободување на Пиринска Македонија..“

1 comment:

Photo Volan said...

“Македонизмот е во криза“ - веоватно во превод е Македонскиот идентитет е во криза ?? - тоа е насловот на емисијата на БТВ .... (25 минутен прилог)од линкот кој го даде погоре - кој дава еден пресек на кој начин се врши сега Бугарската пропаганда ...

** првата теза е дека “македонскиот идентитет е во криза“ ... затоа што не се заснивал на некакви историски докази ... туку се земале како корени на идентитет Историски личности кои себе се пишувале како Македонски Б‘лгари ....

Ако го прочитате погоре мојот пост за НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ ке видите дека:

“..Идентитетот воопшто и националниот идентитет се динамички категории ... се менуваат интерактивно со текот на времето ... значи не се статични ..“

** Снимката е првавена од БТВ - националната тв куќа во Бугарија со екипата:
- оператор ваљда снимател Красимир Михајлов
- монтажа Цветан Ценков
- репортер Кире Градевски
- репортер Предраг Попов
- Мирослав Ризвански

** Првата асоцијација дека Македонизмот е во криза ја прави авторот на емисијата со снимка на националните знамиња на Македонија покрај едно минаре - со јасна асоцијација дека е огромно влијанието на муслиманскиот фактор за тоа - нели се дава податок дека повеќе од 30 проценти се муслимани ...

** Сторијата почнува со познатиот случај за Мара Бунева - кој самиот го опишав во неколку поста ...
* МАРА БУНЕВА
* ВЕЛИМИР Ј. ПРЕЛИЌ и
* Атентатот - Бунева и истрагата ...

** Целата снимка е покриена со неколку “Бугарски Македонци“ - од кои само еден експлицитно се искажа дека е Бугарин по националност ... сите зборуваат на лош бугарски со примеси на Македонски
или чист Македонски ... осем оној кој се изјасни експлицитно дека е Бугарин ... кој говореше течен Бугарски ...

** Сите даваа одредени изјави ... па така председателот на Бугарското Македонското студентско друштво “Вардар“ - Јован Шиковски - вели дека незнае што е и дека Македонскиот идентитет е во криза ... изрече мислење дека тепачите се организирани од србскиот елемент во МК ... а и некои медиуми обвини - тв “Сител“ ... Србија немала да дозволи да се одцепи Македонија ... демек преку тајните служби ... а во Медиумите уредниците биле контролирани од србската тајна служба ... бил следен од полицијата и од државната безбедност ... досега немал проблем иако е следен и испрашуван ... а очекува помош од Бугарија ако почне да има проблеми бидејки е со Бугарски пасош ...

** Интервју со Даниел Самарџиевски - историчар (завршил во МК) - кој единствено даде експлицитна изјава дека е Бугарин од Македонија ...

** Се вели дека Македонците ги Мразат Бугарите во Македонија ...

** Дава интервју и Спас Ташев - Директор на Бугарскиот културен центар во Скопје ... Истакнува дека никој во МК не знае која е Мара Бунева и што направила ...

** Се посочуваат три весника како антибугарски: Вечер - Утрински и Нова Македонија ... а никаде не се продавале Бугарски весници ...

** Изјава од Драшко Насески од Прилеп ... се жали на малата помош од Бугарската држава ... бил воспитуван да ги мрази Бугарите а да ги сака Србите ... по школите ги учеле децата дека бугарските фашисти убивале Македонци ...

** Се вели дека е огромна антибугарската кампања во МК ...

** Во нашта енциклопедија пишувани се лаги и пропаганди дека:
-Бугарите се татари
-Кирил и Методи и Климент Охридски се Македонски просветители .. и автори на Македонската азбука ...
-Самоил е првиот Македонски цар
-ВМРО - организација на Македонци за ослободување на МК народ .. а сите раководители на ВМРО се Македонци ...
-Бугарите се окупатори од 41-до 44 год во Македонија ...
-Бугарските војници стрелале/убиле 1000 луѓе само заради тоа што се изјаснувале за Македонци ....
-А капак е вклучување на Бугарските градови Благоевград, Мелник, Сандански, Петрич во Македонија ...

** Интревју со Бугарскиот директор на музеите во Софија Божидар Димитров - кој е творец на книгата “Десете лаги на македонизмот“ ... кој низ цинични коментари фрлаше квалификации за “македонските историчари и историографијата“ ... во МК нема историчари има белетристи - кои пишат романи ...бидејки не запазуваат основниот принцип на историјата “има документ има историја и обратно“ ... МК историја не е базирана на ниеден документ ... и фрла ракавица дека на оној кој ке представи еден единствен документ - каде цар Самоил, Кирил и Методиј, браќата Миладинови - се изјасниле како Македонци - ќе дал награда од 100.000 евра ... тој подржава независна Македонска држава но со Бугарско население во неа ...

Blog Archive

Site Meter