Search This Blog

Monday, February 19, 2007

СКОПЈЕ - со три педесетокатници ...

СКОПЈЕ - со три педесетокатници ... (Менхетен во Скопје) Измени.

Груевски најавува а Вест во написот - Груевски ке гради три 50-катници ... ни соопштува дека владта планира на локацијата карши Холидеј ин ... на сегашниот паркинг да изгради три 50-катници ...


Го сакам Скопје ... го следам одавна во развојот ... Но бидејки Скопје е земјотресно т.е. трустно подрачје на мислење сум дека на Скопје не му требаат облакодери ... И до сега имаме почнати и недовршени грдосии низ центарот на Скопје ... За ова пишував неколку пати а последен пат неодамна - ЗГРАДАТА УБИЕЦ - конечно ке се доизгради ...

Ке си дозволам да го кажам моето мислење за тоа како треба да се гради Скопје ...

- Секако Скопје треба да се гради соодветно на урбанистичките планови на градот кои ги прават врвни архитекти ... струката треба да се почитува ...
- Да не се дозволуват градби ако нема гаранција дека навреме ке се направи објектот ... неможе во центарот на скопје да се трпат ситуации на долги градби ... и недовршени фасади ... песоци дупки и кал ...
- Ако не се покаже затврена финасиска конструкција и гаранција на некоја банка дека објектот навреме ке се заврши - не треба да се дава одобрение за почеток на градба ...
- Ако започната градба не се доврши на време - да се преземе од инвеститорот ... да се доврши ... а по продажбата да се обештети најпрвин државното вложување ... а се што ке преостане да се даде на изворниот инвеститор ...
- Скопје да се гради концентрирано во кругови ... вака како е сега имаме ситуација низ центарот да имаме ругла и несредени ќошиња - а да се гради во периферијата ...
- Државата по дефиницијата е лош стопанственик и треба да избегава да гради со државни пари ... видете ги само ефектите од државната интеренција во градбите ... и тоа само најновите ... згрдата на југобанка ... светскиот трговски центар ... печатницата Гоце Делчев ...

Скопје има неколку простори поволни за градба - здрави и сончени предели ... тоа се пред се - другата страна на Водно и Скопска црна гора ... Незнам зошто Скопје се гради на најдоброто земјоделско земјиште што го има Македонија ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter