Search This Blog

Friday, February 09, 2007

ЗАТВОРСКА НАВАЛИЦА

Читам по весниците гужва во затворите ....

“..Капацитетот на затворот Идризово е 800 затвореници, во моментов има над 1.400, а дополнителен хаос предизвикуваат новите 1.150 затвореници што чекаат на ред за издржување казна ... Пребукирани се и капацитетите на истражниот затвор „Скопје“... Затворските управи во Шутка и во Идризово немаат друго решение освен да ги враќаат затворениците што сами се пријавуваат за издржување на казните...Итно се потребни 30 нови вработувања..“


“..Управата за извршување санкции, како решение на проблемот предвидува изградба на затвор од полуотворен тип во Куманово и од затворен тип во Штип ... ЕУ вика стандарди за затворите ... не по двоица во еден кревет..“

Фрапантно ... затвараме фабрики ... градиме затвори ... одпуштаме работници како стечајци ... примаме нови вработени - како чувари во затворите ...

Би било интересно да се види каква е структурата на затворениците по неколку основи:
- Има ли политички затвореници ...
- Имаме ли осуденици за вербален деликт ...
- Колку се криминалци а колку се од таканаречениот стопански криминал ...
- Колку се оние кои немаат пари да платат казни ... од типот на сообраќаен прекршок ... неплаќање на сметки за комуналии ... (замена парична на затворска за казна - мада мислам дека поради навалица се смени законот во овој дел и сега не се дозволува замена) ...
- Има ли случаеви на бездомници кои зимата сакаат да ја поминат во затвор ...
- Половота и старсната структура ...
- Националната и верска и етничка структура ...
- Статистички пресек на причини - поради кои се оди во затвор ...

Ако се направи анализа на сево ова ... ке се утврди дијагноза од што ни болува државата ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter