Search This Blog

Wednesday, February 21, 2007

ВОДАТА - Скопска ...

Струјата (линк 2, 3, ) поскапе ... парното поскапе ... бензинот светска цена - поскапува ... телефонот поскапува континуирано ... интернетот ни е со највисока цена во однос на соседните земји и во однос на платите ... регистрацијата на возилата поскапеа ...прехранбените артикли поскапуваат ... еве конечно и водата поскапе ... буџетот државен од година во година се зголемува и тоа за неколку пати ... Само платите се исти т.е. сега помали во однос што можеш да купиш за нив ...

Сиромаштија ...

Го слушам Трифке како вели дека е ова влог во иднината ... Анализата покажува дека загубата во водата е околу 55 проценти ... а процентот на наплата е поразителен ... Се плашам дека се спрема продажба на снабдувањето со вода на странец ... демек тој да не оправи ... како што не оправи со телефонијата ... со струјата ...

Зошто не се одеше кон намалување на загубите на водата во системот и зголемување на наплатата ... незнам ... пак на грбот на оние кои плаќаат ...

За Рашче пишував тука .

Па Македонецу - ти само ќути ... трпи ... трај ...

1 comment:

Photo Volan said...

ОВЕТОТ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
Водата поскапува за 98 отсто
Време, број 991, 21.02.2007

** Сметките од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ што скопјани ќе ги добијат за март ќе бидат со зголемена цена на водата за 98 отсто, откако вчера градскиот совет со 33 гласа „за“, два „против“ и четири „воздржани“ го прифати предлогот на градоначалникот Трифун Костовски и на управниот одбор на претпријатието за поскапувањето. Ова беше трет обид од септември минатата година досега да се зголеми цената на водата ...

Blog Archive

Site Meter