Search This Blog

Tuesday, February 20, 2007

КАРНЕВАЛ

Македонија е преплавена со Карневали ... Од нова година навака карневали се редат во: Вевчани ... Струмица ... Прилеп ... Мислешево (линк 2) ... Тиквешкиот карневал ке следи ... веројатно ке ги има уште ... за први април да речеме ...

Од каде потребата за карневали ... што е карневал ... за ова највеќе ке најдете на блогот на lotos ... во повеќе постови ... Карневалеее...! ...

“..зборот карневал потекнува од италијанскиот збор carnevale , односно латинскиот carne vale, што во буквална смисла значи “збогум месо“; тоа е всушност период кога се јаде месо и се прават разни веселби под маски, календарски од христовото раѓање (6 јануар) до прочка, кога без простување и не може да започне идеата за дочекување на пролетта и нејзиниот основен атрибут, повторното раѓање на природата..“
SheilaJuliana

За повеќе видете на википедија Carnival ... но за мене вистински карневал е Бразилскиот карневал - Карневалот во Rio de Janeiro ... се останатото е само бледа сенка ... само на карневалот во Рио плакнам очи ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter