Search This Blog

Thursday, February 01, 2007

КОНКУРС

Институцијата конкурс одамна го изгуби своето значение. И во минатиот систем беше отрцана институција ... и во овој систем на “Демократска/Демагогија“ истото продолжува ...

Видете само по изборите и смената на власта колку бргу се сменуваат функционерите ... преку ноќ би рекле ... најважно од се е да си член на оредена партија и близок до лидерот на партијата во власта ...

Предлагам да се легализира ситуацијата и да се укинат конкурсите ... да не се губи време и пари ... и така нели се е наместено ...

Имав еден пост кој не предизвика големо внимание “ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА“ - бидејки е краток а е со поврзана тема од топикот - тука ке му направам рефреш:

Партизацијата на државата - создаде и таканаречени “партиски вработувања“ ... По доаѓање на власт осем неопходнат смена на водечките места во државната администрација се вршеше “тоталка“ до портир и кафекуварка ... Ова подеднако “добро го правеа“ сите партии кои до сега беа на власт ... и така се створи наместо мала и стручна администрација - да имаме ... огромен бирократски патиски државен апарат ... кој се претвори во спора и неефикасна државна администрација ...

ЕУ се замори во укажувањето на овој проблем ... ова е сигурно и една од кочниците на нашето интегирање во ЕУ.

1 comment:

Photo Volan said...

#

Деновиве во собранието сведоци сме на носење на нов закон за радиодифузија и АЕК ...

Главна тема на расправа е што се треба да се промени во конкурсните услови за директорот на АЕК ...

Се штима конкурсот да одговара на одредена личност - која однапред е одредена ....

Демократска/Демагогија е тоа ... и се е легално ...
Па зошто ни се конкурсите тогаш ??!
(волан 1 Февруари, 2007 - 10:22 | избриши | одговори)

#

Ја еднаш одамна кажав, со конкурсот и слика, а не вака лажна надеж на оние кои поднесуваат документи, па како интервју, па чекај ќе ве известиме и на крај жалиме.
ДЕЖАВУ, сиве години.
(граѓанин 1 Февруари, 2007 - 10:29 | избриши | одговори)

#

Коментар
Демократијата изгуби на конкурс
дневник- четврток, 01 февруари 2007

** Кога премиерот ќе каже, како што кажа, дека Зоран Тодоровски ќе биде избран за претседател на комисијата за лустрација, треба да сфатиме дека работата е готова. Мора да биде силата негова, мора да биде волјата негова; сега, секогаш и во сите мандати. Аман.

** Тоа што законот врз основа на кој ќе треба да се формира комисија не е се' уште донесен, што се предвидува конкурс за избор на нејзините членови, тоа што тие треба сами да си го изберат претседателот, сето тоа му доаѓа како формалност за која беспотребно ќе се губи време.

** Неодамна, медиумите во ист ден објавија и конкурс за директор на еден театар и вест кој ќе биде избран. Двете информации, и огласот и избраникот, дојдоа од исто место - Владата. Се разбира, крајот ја потврди претпоставката - наместени и конкурсот и директорот.

** Институцијата конкурс постои за да ги собере сите потенцијални кандидати и од нив да се избере најквалитетниот. Вака, како што ни се случува, не само што залудно ќе се потрошат народните пари за оглас туку ќе ни се случи нешто многу поразително: партиската, поточно волјата на лидерот, повторно ќе ја порази граѓанската, демократската.

** Изгледа ништо битно не се сменило од режимот на кој ќе се однесува лустрацијата: партискиот лидер има моќ да суспендира се', па и демократските придобивки. Конкурси, меѓу другото.

*** ИСКРАЈНО НЕ ГО БЕВ ПРОЧИТАЛ НАПИСОТ ПРЕД ДА ГО НАПИШАМ МОЈОТ ПОСТ - НО ПРИЗНАВАМ НАСЛОВОТ НА НАПИСОТ МИ БЕШЕ ИНСПИРАЦИЈА ЗА ПОСТОТ ... ТОА ШТО СЕ ПОДУДАРАМЕ ВО РАЗМИСЛУВАЊЕТА Е ВЕРОЈАТНО ЗАТОА ШТО ТОА Е ТАКА ...

ГЛАСАМ ДА СЕ УКИНЕ КОНКУРСОТ ...
(волан 1 Февруари, 2007 - 10:30 | избриши | измени | одговори)

Blog Archive

Site Meter