Search This Blog

Thursday, February 15, 2007

БОРИС САРАФОВ

Бидејки во еден од последните мои постови го споменав имато на Борис Сарафов ... признавам не ми беше најасно кој е Борис Сарафов ... и се дадов во истражување ...

Борис Сарафов е Македонски револуционер, раководител, војвода и водач на ВМОРО (Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација).

Борис Сарафов е роден на 12 Јуни 1872 година во село Либјахово (денес село Илинден, Гоце Делчевско), во Пиринска Македонија. Тој потекнува од преродбенско семејство - и татко му и чичко му се борат против Грчката духовна хегемонија во Македонија. Основното училиште го завршува во Неврокоп (сега Гоце Делчев), а потоа образованието го продолжува во Солунската машка гимназија. Таму е активен во Македонските револуционерни кружоци, кадешто се запознава со Гоце Делчев.

По завршувањето на гимназијата, се запишува на воената акдемија во Софија. Тука формира Македонски офицерски братства и се запознава со многу идни војводи на ВМОРО (како Христо Чернопеев, Андреј Андреев и др.)

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/4/40/Vmk_Sarafov.JPG

Токму кога во 1895 година Борис Сарафов дипломира и добива чин поручник, во Софија, од страна на Македонски емигранти е формиран ВМК (Врховниот Македонски Комитет), начело со Трајко Китанчев

На 12 Јули 1895 година Сарафов со чета од 70 души го напаѓа град Мелник и го завзема. Акцијата добива широк одзвук во Европа, а името на Сарафов одеднаш добива голема популарност. Од тој момент, Сарафов се откажува од кариерата во армијата, и целосно и се оддава на Македонската револуција. Заедно со Гоце Делчев вршат обиколка во Македонија, кадешто се сретнуваат со Даме Груев и ги проучуваат потребите за вооружување и муниција.

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/e/e8/Sarafov_3.jpg

Една година подоцна, на петиот конгрес на ВМК, Сарафов е избран за претседател на ВМК. Додека тој е претседател, ВМК се претвара во организација што дава логистика на ВМОРО во внатрешноста - т.е. ВМК на ВМОРО му обезбедува инструктори, војводи, муниција, оружје, и д.р.

Сарафов тргнува да го пропагира ослободителното дело на Македонците низ Европа. Сарафов е многу убав човек, строен, со симпатични црти на лицето и многу харизматичен.тие негови одобини му овозможуваат да стапи во контакт со многу видни личности во Европа, и да издејствува материјална подршка за ВМОРО.

Прва земја која што Сарафов ја посетува е Русија (уште во 1900). Тука стапува во контакт со грофот Игнатиев, баронесата Дистерло, и други високи луѓе на царскиот двор.

Борс Сарафов

Во Виена се запознава со австрискиот гроф Јозеф, и со фон Милер (идниот цивилен агент во Македонија). На нив им ја објаснува состојбата во Македонија, и целите на организацијата. Почнува да собира пари за печатењето на весник "L'Effort". На неколку пати пишува статии во весник "Temps" во којшто пропагира за македонското дело - тоа ги вбеснува грците.

Убавецот Сарафов ги обиколува Виенските казина и салони, правејќи запознанства со богати луѓе од целиот свет. така на пример во едно казино се запознава со еден богат Англичанец, кој се заљубува во Македонското дело и на Сарафов му дава 8000 франка. Половина од тие пари Сарафов ги праќа во Софија за купување на оружје, а другите за печатење на весникот "L'Effort" и весникот "Дело" (весник што постојано ги критикува врховистите на Цончев).

Во Париз Сарафов има средби со истакнати политички личности на кои им говори за целите и борбата на Македонците.

Во Будимпешта Сарафов се сретнува со претставниците на српскиот двор Балукчиќ и Симиќ, и со нив започнува преговори (Сарафов е првиот Македонски деец што започнал преговори со Србија). Тој веднаш ги предупредува Србите дека ВМОРО е вистинската Македонска организација а не ВМОК на Цончев

На прашањето што ќе се случи со Македонија ако евентално добие независност Сарафов им одговара: Јас им реков да бидат уверени дека кога ќе се воспостави автономна Македонија, веднаш ќе се формира најсилна партија, која ќе биде против анексијата (со Бугарија), од која страхуваат Србите. Им реков уште дека таа плејада борци за слободата на Македонија нема да плука врз своите принципи, оти Србија тогаш ќе излезе на море, бидејќи меѓу нас нема да има царински граници

По средбата со Србите, Сарафов во 1902 година оди во Женева, кадешто благодарение на неговиот шарм и дипломатски способности успева да издејствува богати Англичани да му дадат 50 000 франци. Најголемиот дел од тие пари ги дава на младиот студент по право Симеон радев за печатење во Женева на весникот “Mouvement Macedonien”. Другиот дел го праќа во Софија за купување пушки, а исто така и им испраќа пари на Гемиџиите за извршувањето на познатите Солунски атентати.

Исто така тој се запознава и со ќерката на богатиот Англичанец, која ја натерува да се заљуби во него, и да испраќа пари на ВМОРО. Како што се изразува тој во спомените: И се прилепив јас и на ќерка му на богатиот, стара мома (таа многу го симпатизираше нашето дело).

Дополнително оди во Париз и купува од таму 1000 килограми динамит, кои ги праќа во Солун за потребите на Гемиџиите.

Кога се враќа во Софија во Јануари 1903 година, разбира дека во Солун е земено решение за дигање на востание. По долги разговори, тој, Гоце Делчев, Ѓорче Петров и други решаваат да формираат чети и да навлезат во Македонија.

По Илинденските случувања и Борис Сарафов стана жртва на фаталниот расцеп меѓу внатрешните струи. По несреќниот крај на Илинденското востание, во Серско се издели познатата група на санданистите кои во време на истото востание останаа настрана, не зедоа активно учество во него, а потем стасаа дотаму, што да им судат и да ги казнуваат противниците од другиот табор. На 11 декември 1907 год.(према едни извори) т.е. На 28 ноември 1907 година(шрема други извори) во Софија, заедно со И.Гарванов, бил убиен од Тодор Паница.

No comments:

Blog Archive

Site Meter