Search This Blog

Tuesday, February 06, 2007

СЕЛСКИ ТУРИЗАМ - ЈАНЧЕ

Оваа ноќ во која неможев да спијам - некако испадна наменета на Македоското село ... Македонското село кое е се понапуштено ... во предходниот пост се занимавав со една потажна приказна за селото Шопур и неговите дваица преостанати жители кои живеаат во услови на средниот век ...

Вторава приказна ме носи пак во едно запуштено Македонско село ... во селото Јанче - мијачко село. Се работи за една сторија за селски туризам ...

Во една друга прилика (во постот Си-Ен-Ен Промоција-Македонија) кажав:

“... Ако сакаме туризам можеме да развиваме само туризам на база на богатото историско наследство и средновековните Цркви и Манастири - надополнет со Бањски туризам - секако и селски туризам...“



Но да се вратам на приказната на Утрински “
Летово Јанче ќе ги прими првите туристички групи од Италија“ ... Во идиличната приказна се работи за нашинецот Тефик Тефикоски, од гостиварското село Јанче, кој од 1988 година се наоѓа на печалба во Италија и Германија - кој има успешен бизнис во Италија ... но носталгијата го влече во родното село ... каде купува неколку куќи и им ја враќа душата - со соодветан намена за прием на странски туристи ...

“... Архитектурата останува автентична. Интервенциите се однесуваат на штетите што ги направило забот на времето. Замена на покривна конструкција, поправка на урнати ѕидови, оџаци, поставување водоводна и канализациона инсталација, замена на дотраената електричната инсталација. Изградба на пристапни патеки, на потпорни ѕидови и слично Во внатрешниот дел просториите ги преградувам и ги уредувам во апартмани со корисна површина меѓу 50 и 80 квадратни метри. Во долните простории ги оставам камините кои се во функција. Не го менувам ентериерот, ниту, пак, мебелот и другите предмети...“

„Странците сакаат да седат на троножни столчиња, оброкот да им се сервира во садови од глина, приборот за јадење да биде направен од дрво, храната да се приготвува во садови од глина и да им се постави на традиционална софра. Така ќе биде во моите куќи и ресторан. Се' автентично и исконско, што е белег на цивилизацијата на народот кој со векови живеел на овие простори. Храната ќе ја приготвувам во тави кои ќе ги печам во фурна, во грне ќе приготвувам вариво кое ќе се вари на оган од дрва во каминот, а исклучиво ќе служиме специјалитети од регионот: качамак и пита со овчо кисело млеко, овчо сирење, урда, цедено млеко, галички кашкавал, гравче варено во грне, јагне и јаре печени на ражен или во фурна, леб печен под сач, радичка пастрмка на селски начин и друго“...

Тефик Тефикоски за реализација на овој зафат, досега има вложено над 300.000 евра.

с. ЈанчеМанастир „Св. Јован Бигорски“ с. Јанче с. Јанчес. Јанче

1 comment:

Photo Volan said...

Што има на интернет за Јанче:

** Јанче е село во Општина Маврово-Ростуше.

** Одлични стари фотки на сајтот www.reka.org.mk ...

** Фотки од сегашно Јанче ...

** Реканскиот регион (или само Река)

Blog Archive

Site Meter