Се изнаслушавме за разноразни стратеги и планови за компјутеризација и интернтизација на Македонија ... Дојде време да добиеме некакви резултати од промотивната кампања на Владата за странски инвестиции во областа на ИКТ ...И што испадна - “..Претставници на гигантот "ИБМ", во декември престојуваа во земјава и првото прашање кое го поставија при разговорите беше дали ние на пазарот имаме 100 слободни програмери..“
Испадна дека македонија има сериозен недостаток на ИКТ стручни лица и инжињери ... за ова своевремено пишуваше и Panta Rei ... Според МАСИТ ланската година на Македонскиот пазар се барале 1000 ИКТ инжињери ... а македонскиот образовен систем има можност за продукција на 500 ИКТ инжињери ... За споредба, соседна Бугарија годишно продуцира околу 5.000, а Романија 10.000 инженери ...
И "Џонсон контролс" кои бараат од 50 до 300 високостручни програмери го имаат истиот проблем. Немаме слободен обучен ИКТ кадар во моментов ... за решавање на проблемот се предлага преквалификација ... и порај потребата од ИКТ инжињери оние кои излегуваат од нашиот образовен систем - ја напуштаат нашата земја - се разбира за подобри плати ...Компанијата "Џонсон Контролс" неодамна најавија дека ќе помогнат во создавањето на стручен кадар преку доделување на стипендии за студентите на Машинскиот факултет.
Сивус и некои други компании кои работат аутсорсинг - проблемот го решава со увоз на ИКТ инжењери од Индија ...

No comments:
Post a Comment