Search This Blog

Tuesday, February 20, 2007

За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!! - репринт

Сликата “http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%204.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.Сликата “http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%20%3F%3F%3F%3F%20%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%203.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.Сликата “http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/antena%20na%20mobilni.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.Сликата “http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%202.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!!

Повод за овој напис денеска ми е писмото, што го прочитав во денешниот Вест, од Драган Живаљевиќ (за жал не можам да го линкувам го нема во електронското издание на Вест)– каде господинот јавно го поставива прашањето “Кој го презема ризикот од антените на Мобимак, Космофон и Он-нет над мојата глава – со посебен акцент на на главата на неговото дете.“

Имено се работи за тоа што, побудени од примамливите понуди на компаниите, низ Скопје имаме појава на наџиџани антени на мобилните компании и Он-нет (ВиФи), кои со дозвола на станарите или без нивна дозвола ги распостелеа антените по цело Скопје.

Прашањето кое таму јавно си го поставува Драган (кој е компјутерски инжињер-значи не е лаик, како повеќето ние) е од важност за сите граѓани. Дали е штетно нејонизирачкото зрачење од овие антени (или какво да е), и кој води сметка за распоредот на овие антени по Скопје, кои се поставуваат над главите на луѓето, на само неколку метри, од нивните постели.

“Стручњак“ од Мобимак ги тешел станарите од посочената зграда во написот, дека зрачењето не е штетно за станарите од зградата каде е поставена антената, туку евентуално може да биде штетно за соседните згради.

Сега тукаДраган јавно се прашува кој е тој што со просто мнозинство на станарите од зградата кај што се поставува антената има право да одлучува за здравјето на луѓето од соседните згради, а поготово нагласува дека во непосредна близина имало градинака....

Драган понатака појаснува дека, ризикот што постои од нејонизирачкото зрачење за добивање на разни тумори е голем, а особено за малите деца, кај кои поради интензивното растење (чести клеточни делби и репликации на ДНК кодот) шансата за појава на тумор е многу поголема.

Драган во истиот напис дава податок дека зрачењето во близината на базните станици е иладапати поголемо од оние места каде тие не се во близина. Башка кажува дека ние немаме наш правилник за ова туку го имаме преземено правилникот од Југославија.

На крај во написот Драган вели дека мобилните оператори тврдоглаво ја бранат тезата, дека нивните антени монтирани на покривите на зградите во населените места не се опасни по здравјето на луѓето кои живеат во тие средини....,а сето ова всишност е поради фактот што инсталациите по околните ридови и планини од повеќе причини се многу поскапи од оние што се изведени на покривите на зградите.

Значи сепак, до парите е...

Во една емисија на А1 од пред некој ден – утринска програма (програма за пензионери), новинарите се потрудија да дадат појаснување за што се работи тука и кој е надлежен.

Па се потрудиле да направат емисија во живо (за пофалба) и снимаа разговор со две особи во бели мантили, пред воена болница во Скопје. За жал не се сеќавам која институција ја преставуваа.

Па така едната госпоѓа ни појаснуваше сто е тоа, за што се работи тука, дека кој сака може да им се обрати за да се изврши мерење, дека они имаат апаратура, ама работат само на повик и со наплата се разбира, дека се единствена надлежна организација за мерење на зрачењето и т.н.

Но на крај заклучи дека во нашите прописи, закони никаде децидно не стои дека некој треба да ја следи ситуацијата околу штетното влијание на нејонизирачкото зрачење, кое може да го предизвикаат антените на мобилните оператори, и антените на Он-нет (ВиФи).

Потоа Физичарот (така се престави) покуша да ни објасни како може да изгледа штетното зрачење, поготово ако се работи за интерференција и одбивање на зраците кои се рефлектираат и се враќаат кај нас...

Е сега не се сеќавам кој од нив кажа но по светот имало многу научни трудови кои ги собрале по интернет (да живее интернетот) кои можело да се поделат на три главни групи:

-Оние кои велат дека зрачењето е штетно, поготово за детската популација, во случаите кога може да доведе до мутација на гените и днк ....

-Оние кои велат дека ова зрачење не е штетно

-И такви кои се нешто помеѓу....

Јас овдека изразувам јавен протест против тоа, што ова прашање не е соодветно третирано во нашите закони и е оставено на реакции на поединци и НВО-а кои реагираат за можните штетни последици по здравјето на луѓето а посебно по здравјето на нашите деца.

2 comments:

Photo Volan said...

ЗРАЧЕЊЕТО ОД АНТЕНИТЕ СЕ ИСПИТУВА ПО ПОТРЕБА
Ни извршните решенија не ги симнаа базните станици
Време, број 990, 20.02.2007

** Мобилните оператори се почесто поставуваат антени по покривите на станбените згради, а ниту една државна институција официјално не соопшти дали зрачењето на таквите базни станици до станбениот простор е штетно за здравјето на луѓето или не.

** Семејството Живајлевиќ од скопската населба Јане Сандански, на улицата Руди Чајавец, пред една година покрена спор за ова, и доби извршно решение за отстранување на антените поставени на нивната зграда. Но, барем засега нема кој да го спроведе решението.

** Од Министерството за животна средина велат дека не се одговорни за мерењето на зрачењето на антените од мобилните оператори и дека не постои зрачење од антените.

** Граѓани кои се јавуваат велат дека постои големо зрачење и дека го чувствуваат сето тоа.
- Имаме главоболки. Не можеме да спиеме и се чувствуваме истоштено.

Photo Volan said...

Ова ми беше еден од првите постови ...
Изворен линк на првиот пост тука“? .

На постот имаше многу коментари ... од кои доста стручни ...

Blog Archive

Site Meter