Search This Blog

Wednesday, June 13, 2007

СААТ КУЛА - Скопје ... Clock Tower - Skopje

Москва Лондон
Венеција
Саат кулите во светот се обележја со кои се гордејат градонвите и нациите кои поседуваат саат кули како Big Ben во Лондон ... St. Peter (Zürich) ... Москва ... Москва линк 2 ... Венеција ...

Саат кулите се градат вообичаено само во поголемите градови - кои се седишта на некава управа ... Во времето на градбата на Сааткулите - рачни часовници скоро и да немало ... биле луксуз кој си го дозволувале само поимотните ... имало само џебнии саати - Pocket watch ... оние кои дедовците ни ги носеаа во малото џепче од елекот ... врзан со фино синџирче ... Сенџирчето и џебниот часовник се модни и статусни симболи на 19-ти век ...
A gold pocket watch with hunter case and watch chain


Улогата на секоја кула се гледа од самиот назив “Саат кула“ ... значи кула која има саат и го мери времето ... Осем што вообичаено се ставале часовници/саати кои биле со големи димензии ... за да се гледа/мери времето од далеку ... Саат кулите обично се лоцирале во близината на централните позиции на секј град ... во близината на трговските места и пазари ... Видете ги нашите попознати Саат кули во Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Штип, Струга ... сите се во близината на старите пазари и во ценатар ... Такви Саат кули се градени (во центарот на градот ...) и во големите светски центри Лондон ... Москва ... Венеција ...
Саатите кои се снабдувани со најпрецизни системи за мерење на време во оделни интервали и звонеле ... одчукувале ... Одчукувањата на саатите се слушале на неколку километри од местотположбата на Саткулата ... Значи саатот не го гледаш ама го слушаш и по бројот на одчукувањата знаеш колку е саатот ... Бидејки саатите се градени на кули ... кулите имале улога и на осмотрачници ... што се случува во околината ...
Денес кога мерењето на време се врши скоро со помош на сите електронски справи и справички ... Саат кулите го изгубија своето значение - за основната намена за мерење на време .... сите имаат во себе барем две справи за мерење на времето ... рачен часовник ... мобилен ...
Но ова не значи дека Саат кулите во светот го изгубијаа својот сјај и лик ... Погледнете го само Лондон ... Бренд за лондон е Сааткулата - Big Ben ... можете ли Лондон да го замислите ако “дебелата берта“ не искочи само еден ден и не означи точно дванаесет ... Не таму ке има револуција заради тоа ...
Што е со нашите Саат кули во Македонија со Саат кулата во Скопје ... од земјотресот навака на Саат кулата нема Часовник ... Нели е тоа врвна срамота за сите градски татковци на Скоје ... па и за нас сите скопјани кои поминуваме покрај Саат кулата а не реагираме зошто нема саат на Саат кулата во Скопје ... Добро ни овие новиве градски часовници по раскрсниците не ни работат ... или покажуваат неточно време ... Тоа е одраз на нашиот однос кон времето ... не го цениме ... Во нашата подсвест секојпат си велиме е има време де ... другпат ... а кај се брзаш бе ... се одлагаме .. Тогаш кога е таков нашиот менталитет -да не се лудиме дека некој таму англичанец го извади саатот(во една прилика...) и ни велеше ... сатот чука господа ... времето поминува - само вие стоите ... Ние тогаш се навредивме ... ги повреди англичанецот нашите чувства и навикаи - кои се балкански ... каде времето споро поминува ...
Да ка видиме малку историјата на Саат кулата во Скопје ...
** Саат-кулата во Скопје шестокатна саат-кула северно од, но во склоп на Султан-муратовата џамија. Подигната е во периодот помеѓу 1566 и 1573 година. Таа била првата саат-кула на територијата на Османлиската држава. Механизмот на саатот бил донесен од саат кулата во Сигет, Унгарија, по неговото заземање од страна на турците. Изградена е на темелите на порана средновековна одбрамбена кула. Некогаш била дрвена, но подоцна била преградена со тули.
- Саат кулата била забележена од повеќе патеписци кои го посетиле
Скопје. Во минатото овој објект бил еден од најинтересните во Скопје и го привлекувал вниманието на минувачите:
*
Хаџи Калфа забележал дека Скопје има една саат-кула, најголема од сите кули кај христијаните. Тој објаснува дека таа ги отчукувала часовите и дење и ноќе, а ѕвоното, се слушало „на два часа далечина“.
* Францускиот патеписец
Филип Дифрен-Кане во 1573 година пишува дека Скопје има еден јавен часовник што се слушал во целиот град и кој ги отчукувал часовите на француски начин.
- Кулата претпрела големи оштетувања во
пожарот од 1689. Во 1902/1903 година нов покрив (направен од цигли донесени од Солун) го заменил стариот дрвен покрив од саатот, за време на владеењето на Али–Хивза Паша. Исто така, механизмот од сатот бил заменет со нов, овој пат донесен од Швајцарија. Оштетена е исто така и во земјотресот од 1963. Денес таа е обновена, но без механизмот на часовникот.
Image** Северно од Султан Муратовата – хјунќар џамија, во нејзина близина, се издига шестокатната Саат-кула, изградена во 16-от век, меѓу 1566-1572 година. Во минатото овој објект бил еден од најинтересните во Скопје и го привлекувал вниманието на минувачите.
- Часовникот бил запленет и донесен од Сигет, во Унгарија, при освојувањето од Османлиите. Заедно со него бил доведен и неговиот мајстор, кој за својата работа добивал добра плата.
Во пожарот од 1689 год. Саат-кулата претрпела оштетување. Денешниот облик го добила за време на валијата Хафиз-паша. Во 1904 година горната, дрвена конструкција била заменета со цврст материјал - тули и тогаш бил монтиран нов механизам.
** … патописците Евлија Челебија и Хаџи Калфа ја опишуваат во своите натписи како шестоаголна градба, чиј горен дел бил изграден од дрвена конструкција, била подигната во средината на XVI век, поточно во периодот меѓу 1566 и 1572 година. Хаџи Калфа забележал дека Скопје има една саат кула најголема од сите саат кули кај христијаните, како и дека таа ги отчукувала саатите и ден и ноќ, а звоното и се слушало на два саати надалеку.
- Според досегашните сознанија, таа е прва саат кула подигната на територијата на тогашното Турско Царство. Треба да се напомене дека нејзиниот долен, односно ѕидан дел не бил специјално граден, туку едноставно за оваа намена била искористена една од четирите кули во составот на бедемите што го штителе манастирот Свети Ѓорѓи Скоропостижник. Нејзиниот сааатен механизам бил донесен од Унгарија, по освојувањето на градот Сигет од страна на Турците.
- И овој објект, како и Хјунќар џамија, претрпел огромни оштетувања за време на големиот пожар во 1689 година. Но, интересно е тоа што старата манастирска кула и дрвената надградба со часовникот опстојувале се до 1904 година кога саат кулата, во времето на валијата Хафиз-паша, го добила сегашниот изглед: дрвената конструкција конечно била заменета со тули и бил монтиран нов саатен механизам кој го одбројувал времето "ала турка".
- Во 1963 година за време на катастрофалниот земјотрес Саат кула претрпува сериозни оштетувања. Подоцна таа е санирана, но и до ден денес е без својот саатен механизам кој бил изгубен за време на земјотресот.
** Не постои град во Македонија во кој не е изградена специфична автентична Саат кула. Од она кое можев да го откријам читајќи, за повеќето од нив понекогаш не се знае точното датирање, бидејќи се честопати поправани и преправани. Сепак секоја Саат кула му дава карактеристичен белег на градот во кој се наоѓа, и независно дали се уште постои или не, ќе биде спомената во Серијалот за Саат кулите во Македонија. На сите оние кои ме читаат ќе им бидам благодарна ако за слики или видео клипови ме контактираат на мојот мејл.
- Она кое што ме натера да трагам по Саат кулите во Македонија, како дел од профаната архитектура на нашето минато и секојдневие, е веста дека во Мека ќе биде изградена ,,
најголемата Саат кула во светот". Дали некогаш сте се запрашале имаме ли ние (можеби не толку славни) Саат кули како веќе споменатите?
Слика:Smdzamija.jpg
Тука ке едитирам неколку слики од Саат кула Скопје ... кои ги имам во мојот компјутер ... А ке направам и Гоогле слика од сегашноста ...
IMG_4400 (Small).jpg
Фотка од денеска ... сликана од Скопското Кале ... од денеска промовираната црква на Кале ... (ке имам посебен пост за тоа ...)
Скопје  64 Саат кула снимена во старо србско.jpg
Стара слика од Саат кула Скопје ...
Скопје  65 Саат кула снимена во старо србско слика 2 со голема резолуција.jpg
Како што гледате од сликите сатот работел и го имало бе ...
Скопје 131 Снимка од позади саткулка према центар.jpg
Видете ја централната позиција на Саат кула Скопје ...

- Turmuhr ... Колокольня ...



Линкови:
- Саат-кула (Скопје) ... Од Википедија ...
- Саат кула - Скопје ... Институт за Информатика ...
- Саат кула ... Стариот град ве чека на старо место ...
- The Clock Tower in Skopje ...
- Саат кула ...
- Дали само Лондон и Венеција имаа познати кули со саати? ...
- saat kula_01 ... youtube
- Clock tower - Prilep, Macedonia ... youtube
- Слајд шоу - Прлеп ...
- Реставрација на гостиварската Саат-кула ...                                             http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/400826348846734CA1473D80C764F0AD.jpg Културно-историски споменик изграден во 1566 година, наскоро ќе добие нов лик. Почна да се реализира проектот за реставрирање на Саат-кулата, што подразбира чистење и уредување на внатрешноста, бојадисување и заштита на дрвенаријата. Исто така, ќе се обнови осветлувањето, а на врвот на кулата ќе бидат поставени муслиманските симболи. Иницијатива за обнова на Саат-кулата поведе гостиварецот Синан Љутвиу, сопственик на градежната фирма „Лиси ком“, која бесплатно ќе ги изведе работите. Проектот со 5.000 евра го поддржа Меѓународната турска агенција за развој ТИКА , а 2.500 евра обезбедија неколку гостиварски фирми. (К.К.)

No comments:

Blog Archive

Site Meter