Владата уште од предизборието игра на картата на компјутерско описменување на нацијата ... За таа цел се спроведува тендер за набавка на компјутери за секое дете во образовниот систем во средното и основното школо ...
Ова одамна го сфатија пооделни граѓани кои на своите деца наместо клавири последните години им купуваа компјутери - хардвер и софтвер ... секако со обука за компјутери и англиски ... Скоро да нема дете кое сега незнае англиски ... Да спомнам дека и Владата и во однос на Англискиот ги помери почетните граници ...
Скромна математика за мојот домашен пример ... во однос на трошоците за компјутер во последнте 15 години ...
- Првиот персонален компјутер ми беше 286-ка ... со сета опрема ... принтер ... со турбо ... тогаш кошташе 1400 евра цирка ... Овој компјутер сеуште го поседувам ... се разбира повеќе е музејски примерок но уште работи ...
- Вториот компјутер ми беше Пемтиум единица - пак со принтер но овојпат Ласерски + скенер ... Набавната цена беше слична ...
- Третиот компјутер беше Пентиум двојка со колор печатар сега - вториот сеуште работеше ... Значи тогаш два по дома се мотаа ... Пак со слична цена ...
- Четвртиот компјутер дојде заменувајки го вториот ... Пентиум тројка ...
- Брзо потоа се купија нови два пентим четворки ... Сега по дома се моткаа четири компјутера плус оној за во музеј ... три што работат и еден резерва ... Ке се разболи некој ако само еден сат биде без компјутер ...
- Следеа уште две тотални замени со нови конфигурации ...
* Значи да ги пребројам ... од првиот до последниот за 15 години - се купија осум компјутери сите со просечна цена заедно со опрема од 1200 евра ... Тотал - 9600 евра ...
- Ако се надодадат надградбите на секој и потрошниот материјал кои во просек се цирка по 200 евра ... значи за надградби 1600 евра ...
- Тотал ке испадне 11.200 евра ...
- Ако на сето ова се надодаде неопходно шклување ... разни курсеви ... книги ... програми ... од цирка 2.000 евра ... и
- Ако ја додадам телефонската сметка во која е и интернетот ... За последните 10 години во просек по 100 евра месечно или тотал за телефон и интернет 12.000 евра ...
** Гранд тоталот ке испадне некаде околу 25.000 евра за компјутерско школување на две деца ... кое уште трае ... Ова се некаде повеќе од 30 проценти на моите вкупни приходи во последните 15 години ...
- Инвестицијата домашна беше огромна ... Осем што со жената сум во перманентна “скар политика“ за ова ... која само повторува ... абе само компјутери и интернет Ве интересира ... ништо друго по дома да се купи ... Голи ке одите само тоа компјутерите ве интересират ...
И Владата сега како и јас самиот се претрга ... чинам дека ја пушта малку повеќе чергичката ... за компјутерското описменување на нацијата ...
- Фрчат тендери за набавка на нови компјутети …
- Имавме неколку тендери за бесплатна обука за користење на компјутер и интернет ...
- Бесплатен интернет ...
- Стипендии за студенти на информатика ...
Се најавува деновиве почетокот на компјутерската обука за 20.000 гражани на република Македонија ... преку проектот „Македонија - земја на информатичари“
- На повикот за обуката што го објави Генералниот секретаријат на Владата се пријавени 22.534 граѓани, од кои 10.000 се во Скопје. Во првата фаза што почна вчера ќе бидат обучени 3.000 лица од Скопје и 4.000 од другите градови во Македонија.
- Поединечната обука ќе трае еден месец, двапати неделно по два часа. Проектот ќе заврши до крајот на ноември.
- Со повикување на бројот 055 858 858, граѓаните од утре до 24 јули ќе можат бесплатно да се поврзат на интернет.
- Се' што треба да направат е да се најават со корисничкото име „владанарм“ и лозинката „остваруваме“.
- Трошоците за телефонскиот импулс и за интернет-пристапот ќе бидат на товар на Владата.
Па гагаџии повелете ... интернет описменувањето заедно со компјутерското е бесплатно ... без-платно ... уште само кајче и езеро фали ... :)
- Kompjuterska obuka ... Internet ...
No comments:
Post a Comment