Search This Blog

Tuesday, June 26, 2007

НАТО - што добиваме со влегувањето во НАТО ?!


Од осамостојувањето до денеска “Mакедонската приказна“ се врзува за НАТО и ЕУ приказната ... Нема Mакедонец кој е против овие интеграциски процеси - надевајки се дека тоа ни е единствена “ваилд карта“ да ни биде подобро .. да се осетиме безбедни и економски ослободени - да се интегрираме ... Како ретко во која друга земја во Македонија има расположение скоро над 90 процентно за влегување во НАТО ...

Но НАТО и ЕУ интегрирањето стално за малку ни одбегнува ... не одминува ... не е дека не сме ги исполниле стандардите на време ... зарем Бугарија и Румунија ги исполнија ... Нашиот прием во НАТО и ЕУ мора да го сфатиме - само како политичка воља на НАТО и ЕУ земјите да не примат во нивните редови ... како ЕУ мала држава која, ако не влезе во интеграцијата на овие два система ке нестане ... ке ја нема ... Токму поради ова последнава констатација (ке нестане ... ке ја нема ...) сите наши четири соседи се трудат да ни одмогнат во оној момент кога опасно ке се доближиме до целта - до приемот на НАТО и ЕУ ... Е имаме и внатрешни кочничари за кои зборував во еден друг пост ... имаме и трет брат кој одвнатре се труди да не ни тргне ...

- НАТО или Северноатлантската Алијанса (англиски: North Atlantic Treaty Organisation (NATO), француски: l'Organisation du Traité de l'Atlantique Nord (OTAN)), понекогаш нарекувана Атлантска Алијанса, или Западна Алијанса, е меѓународнa безбедносна организација основана во 1949, како резултат на Северноатлантскиот Договор потпишан во Вашингтон, на 4 април 1949. Службени јазици на НАТО се англискиот и францускиот. Седиштето на НАТО е во Брисел.

- Главна точка во Договорот меѓу земјите членки е Член 5, кој се однесува на правото на заедничка самоодбрана, содржано во Повелбата на ОН. Овој Член предвидува дека напад насочен против една или повеќе членки на НАТО ќе се смета како напад против сите нив.

- Оваа точка имаше цел - доколку некоја членка на Варшавскиот Пакт нападне некои од европските сојузници на САД - тоа да се третира како напад врз сите земји членки на НАТО (вклучувајќи ги и САД) кои имаат најголем воено-стратегиски потенцијал и како такви можат да обезбеди најголема заштита. Како и да е, стравот од напад не се оствари. Всушност, оваа точка за првпат стапи на сила на 12 септември 2001 како одговор на терористичките напади на 11 септември, ден претходно

Ако го погледаме ова што е пишано погоре ке видиме дека НАТО е само парадна група на некои официрчиња - кои уствари ништо и не одлучуваат ... САД е тој кој го има гласот на одлуката и моќта ...

Има денеска една интересна статија во денешено Време - ШТО ЌЕ ДОБИЕМЕ АКО ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО? - Да се зачлениш во НАТО е како да купуваш акции ...

- Дали изборите во вашата држава се демократски и се одржуваат според западните стандарди?
- Дали во земјата се почитуваат правата на малцинствата?
- Дали одбраната е организирана според НАТО-стандардите?
- Колкава е сигурноста во вашата држава?
- Дали имате структури што можат да ги чуваат тајните податоци на НАТО?
- Може ли вашата земја да испраќа одбранбени сили во странски држави?
- Како се борите се корупцијата?
- А со трговијата со луѓе?

** Ова се само некои од прашањата на кои Македонија треба да даде позитивен одговор доколку сака да добие покана за членство во Алијансата на самитот во Букурешт идната година.

** Што ќе добијат земјите од Јадранската група доколку станат членки на Алијансата?
- Членството во НАТО е како да купуваш акции во некоја фирма.
- Ако не сакате да испратите војска во некоја мисија, во ред е.
-
Не треба да се очекува да се добие нешто од НАТО, туку едноставно колку ќе вложиш толку и ќе добиеш ...

** Македонските граѓани, според досега направените анкети, не знаат што точно значи влегувањето на Македонија во НАТО.
- Со НАТО нема да добиете нови мостови или подобра инфраструктура.
- Со НАТО се добива единствено колективна сигурност.

** Секоја држава-членка треба да одвојува 3 отсто од бруто-домашниот производ за потребите на одбраната. Македонија, Хрватска и Албанија одвојуваат по 2 отсто, што, според официјалните претставници на НАТО, засега е сосема доволно.

** Одлуката дали ќе ја добиете поддршката е политичка и се носи со консензус. Нема никакви шанси одлуката да ја знаете порано, бидејќи се носи зад затворени врати.

Сега појасно Ви е ?? ...

- Nato ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter