Search This Blog

Wednesday, June 27, 2007

МУТИБАРИЌ ДРАГАН


На блогот денеска за првпат се појави коментатор со ник Мутибариќ ... Ме подсети на еден од најславните голмани на Вардар - Драган Мутибариќ ... кој знаеше пантерски да скокна од една до друга статива ... да биде со аплаузи испраќна секоја негова парада ... За жал од пред десетина години престанав да одам на фудбалски натпревари ... Некако не ме бендисува начинот на кој сега фудбалот го водат луѓето ... Се се исквари ... ги снема големите клубови од ЈУ лигата Хајдук, Звезда, Партизан, Динамо - па и некои други легендарни клубови ... а сегашните игри се повеќе намештаљки - инспирирани од кладилниците кои дефинитивно не само што го искварија клупскиот туку и репрезентативниот фудбал ...

Но да се вратам на Драган Мутибариќ - да просурфам низ интернет да видам што има за него пишано и да Ви го представам ...

На интернет Мутибариќ е представен со многу малку линкови. Интресено е што на ФК Вардар официјалната интернет страна му е во изработка - (недозволиво за најреномираниот МК фудбалски клуб) ... Има некаква интернет страница што работи - но не е официјална и не ги задоволува потребите на најреномираниот фудбалски клуб на Македонија ... Има прекрасна страна на фановите на Вардар Комити ... но тоа не е доволно ... а на Википедија страната нема ништо за Мутибариќ ... Спортските работници во Вардар мора што поскоро да ја оспособат интернет страната на Вардар - каде пред се, треба да се подигне на интернет богатата историја на Вардар, каде секако треба да најде место и легендарниот параден голман на Вардар Драган Мутибариќ ...

Најдобро го има одсликано во неколку написа познатиот спортски новинар Миодраг Мицковиќ - уредник на Скок - познат и вреден спортски работник - ... СПОРТСКИ НОВИНАР - ДОБИТНИК НА НАЈГОЛЕМАТА НОВИНАРСКА НАГРАДА „МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ - ЈАСМИН 97“ ...

** - Легендата на Вардар, Драган Мутибариќ замина во пензија
Парадите на Муто се уште се паметат

- Во Вардар дојде во далечната 1966 година од тогашниот второлигаш Срем, и во неговиот дрес настапи на 461 натпревар

- Драган Мутибариќ беше и остана миленик, не само на навивачите на повеќекратнот шампион на Македонија, туку и на сите љубители на фудбалот. Неговите паради на голот на Вардар се уште се паметат, неговите феноменални одбрани со кои ги доведуваше до очај противничките играчи. Несомнено Драган Мутибариќ сигурно е еден од најдобрите голмани кој бранел во Македонија.
- Во Вардар дојде во далечната 1966 година од тогашниот второлигаш Срем, заедно со Плачков, Рац, со тренерот Душан Варагиќ, со Хуго Рушевљанин. Во дресот на Вардар бранеше на 461 натпревар, а по бројот на настапите, на вечната листа се наоѓа на четвртото место веднаш зад Кочо Димитровски (845), Мето Спасовски (647) и Ѓоре Јовановски (486 настапи).
- Во својата богата и блескава кариера, Драган Мутибариќ, од денес пензионер, со инвалидска пензија од 7.200 денари (а беше врвен спортист на Македонија, еден од најдобрите), освен за Вардар, бранеше и за германските тимови, познатиот Шалке 04 и Швенинген, за Трепча кога играше во Прва лига, за Тетекс, подоцна и за Македонија од Ѓорче Петров и Скопје, на крајот и за членот на Вардарскиот регион Микрогранулат-
od gostivar кога беше заборавен од клубот во кој ги мина најдобрите години од својот живот и од фудбалската и голманска кариера. Бранеше со голем успех, иако на своите плеќи веќе имаше 49 години.
- Драган Мутибариќ, од сите фудбалери од Македонија, има најмногу настапи за поранешната репрезентација на Југославија - 11, плус пет за младата селекција до 21 година, која бо 1968 година беше и Европски првак токму благодарејќи на одличните одбрани на Мутибариќ.
- Со Трепча играше и во финалето на Купот на Југославија против Риека кога загубија со 1:0 дури во второто продолжение.

- Може да се пофали и со еден голмански рекорд во Македонија. На голот на Македонија Ѓорче Петров во 1989 година цели 1.004 минути немаше примено гол. Тој рекорд тешко дека некој голман ќе го собори.

- Добитник е на 13-то Ноемвриската награда на Скопје, беше спортист на Македонија во 1969 година, двапати меѓу десетте најдобри.

- На тие 461 настап во дресот на Вардар Мутибариќ постигна и осум голови.
-Да, па јас ги шутирав пеналите за Вардар во мое време сў до оној квалификационен меч со Осиек за влегување во Првата лига. Мојот удар голманот на Осиек Крсмановиќ го одбрани, но сепак, ме спаси Мето Спасовски кој го постигна решавачкиот гол во тие рулет пенали и ние станавме членови на Првата лига.

- За времето минато меѓу стативите на Вардар, Драган Мутибариќ, бранеше во многу селекции. Сепак, екипата во која играа Дробац, Рац, Георгиев, Мечкаров, Плачков, М. Спасопвски, К. Димитровски, С. Мојсов, Сребров и Шулинчевски, според неговите зборови, не се заборава.

- Кои се според мислењето на Мутибариќ најдобри голмани во Македонија?
-Во мое време Благоја Истатов, џин меѓу стативите, извонреден голман, денес Петар Милошевски, Јане Николовски, Гого Јовчев. Македонија секогаш имала добри голмани, ни рече на крајот на овој разговор, новопечениот фудбалски пензионер, кој како што вели, доколку не беше повредата на рбетот, која го оддели од голот, со своите 58 години, можеше и денес да брани.

** Во богатата историја на Вардар од 1947 година па се до денес дресот со број 1 го носеле 44 голмани
Парадите на Мутибариќ се уште се паметат
МИОДРАГ МИЦКОВИЌ

- Во својата богата историја, во изминатите 56 години, почнувајќи од далечната 1947 година, кога беше формиран нашиот најтрофеен клуб Вардар, на неговиот гол се појавија дури 44 голмани. Голмани со извонредни квалитети, репрезентативци во поранешна Југославија (Благоја Видиниќ и Драган Мутибариќ), на Македонија по нејзиното осамостојување (Петар Милошевски, Антонио Филевски, Муарем Зекир, Гого Јовчев). Плејада на врвни чувари на мрежата. Ќе се обидеме за нашите читатели да се потсетиме на сите нив, бидејќи секој на свој начин има дадено придонес за големите успеси на "црвено-црните".
- Според општо мислење на сите, Мутибариќ е најдобар голман што го имал Вардар. Бранеше и за репрезентацијата на Југославија, кој со извесни паузи го носеше дресот на Вардар се до 1975 година.
- Тој на првенствени и пријателски натпревари бранел на 461 средба. Во времето на популарниот Муто во клубот беа и вечната резерва Филип Филиповски, Слободан Илиевски, кој потоа направи успешна кариера во САД во малиот фудбал каде и денес живее, Сали Садиков (Алберт Цветиниќ), а само на еден првенствен меч бранеше Есад Мехмети кој во Вардар дојде од Лирија.
- С
e до осамостојувањето на Македонија, за Вардар настапија повеќе квалитетни голмани. Пред сe Благој Георгиев, Момчило Грошев, Љупчо Лазаров, а со помала минутажа беа Ѓоко Тасевски, Драган Димитровски, Ангел Ефремов, Зоран Паунов, па дури и синот на Драган, Слободан Мутибариќ. Во тоа време една полусезона бранеше и Мирсад Јонуз, додека Зоран Мицевски беше само регистриран, но не доби шанса да брани.

**

ДРАГАН МУТИБАРИЌ, ВАРДАРЕЦ СО ДУША И ТЕЛО
ЛЕГЕНДА ШТО ЖИВЕЕ
СКОК: Кој знае уште колку време ќе помине пред да се појави на македонското спортско небо таква блескава спортска „ѕвезда“ каква што изминативе години беше голманот Драган Мутибариќ , попознат како Муто. Денес, и со 32 години стаж меѓу диреците, е активен како во почетокот на кариерата.
Драган Мутибариќ: Досега со Вардар имам потпишано четири професионални договори. Најголемиот дел од денот го поминувам на теренот и тоа ми преставува задоволство. Мојот живот е фудбалот. Во 1975 година заминав во Германија, во тимот на Шалке 04, од каде што за две сезони добив 200.000 ДЕМ. Тогаш прв пат се почувствував финансиски безгрижен. По два-три месеци во Шалке 04 дојде и Бранко Облак, кој на секој можен начин ми правеше интриги и сакаше да ме понижува. Отворено протестираше против православците и велеше дека во Скопје живеат само цигани.
- Легендата на скопски Вардар, Слободан Мутибариќ кој беше оддалечен од клубот поради конфликт со управата на црвено-црните е новиот лик во Стручниот штаб на тренерот Ѓоко Хаџиевски. Некогашниот неприкосновен голман на Вардар, го пополни од поодамна испразнетото место на Ванчо Балевски кој си замина од местото прв помошник на Хаџиевски, и сега е кормилар на второлигашот Маџари Солидарност.

Мутибариќ едно време беше и тренер во младинските школи на Вардар ... а во неколку наврата и во стручниот тим на Вардар ...

- Dragan Mutibarik ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter