Search This Blog

Friday, June 01, 2007

ФОКУС - огорчен од некои МК блогови ...

Ви давам линк (Югоизточна Европа и Балкани | Македония) во кој бугарската агеција Фокус - жустро и огорчено пишува за дел од нашата блогосфера - каде према нив некои наши блогови пишуваат содржини кои се неприфатливи за бугарската држава ... каде се навредуваат националните чувства и дигнитет на Бугарија како држава и бугарскиот граѓанин ... Се спомнува случајот со медицинските сестри во Либија ... демек некои наши блогови го користат за навредување на чувствата на бугарските граѓани ...

Некои наши Блогови и форуми пишувале невистини за Бугарија и навредувале официјални авторитети од бугарската политичка структура и наука ...

Очито е дека ова е сериозно обвинување и скоро сум сигурен дека и нашите мејнстрим медиуми ке пренесат дел од овие напади ... Колку во сето ова има вистина останува на нас самите да процениме ...

Еве само некои наслови ...

- Вени Марковски: Явления като блога ***** ***** не са трайни ... 01 юни 2007 | 14:23 | Агенция "Фокус"
-
От ГЕРБ - Благоевград настояват за спиране на македонския сайт, разпространил обидните колажи с медиците ни в Либия ... 31 май 2007 | 19:13 | Агенция "Фокус"
-
В България има епидемия от клептомания на всичко македонско - тема във форума "*******" ... 31 май 2007 | 17:44 | Агенция "Фокус"
-
Съюзът на инвалидите в България няма някакви взаимоотношения с **** ********** ... 31 май 2007 | 17:39 | Агенция "Фокус"
-
**** **********: Нямам нищо общо с македонския блог за медицинските сестри в Либия и не съм го виждал ... 31 май 2007 | 16:47 | Агенция "Фокус"
-
Скандалният антибългарски блог "***** *****" е все така активен - 31 май 2007 | 16:11 | Агенция "Фокус"
-
В. “Вяра”, Дупница: Петков и Калфин да спрат скандалния македонски сайт ... 29 май 2007 | 09:19 | Агенция "Фокус"
-
Блогери в Македония са потресени от вулгарността на македонския блог за българските медицински сестри ... 28 май 2007 | 11:41 | Агенция "Фокус"
-
Велислава Дърева: Македонският блог с обиди към българските медици е политическа провокация ... 27 май 2007 | 16:25 | Агенция "Фокус"
- Георги Лозанов: Дори и трагедията на медицинските ни сестри не може да спре ксенофобския национализъм ...
27 май 2007 | 16:17 | Агенция "Фокус"
-
Българите да изразят отношението си към блога, в който обиждат медиците, призова Маргарита Панева ... 27 май 2007 | 15:02 | Агенция "Фокус"
-
Директорът на вестник “Време” Александър Дамовски: Създаването на македонски блог с обиди за медиците в Либия е безобразие ... 27 май 2007 | 13:50 | Агенция "Фокус"
-
Божидар Димитров: Македонският блог с обиди за медиците в Либия е гавра на един еничарин с лицето на измъчена българка ... 27 май 2007 | 12:41 | Агенция "Фокус"
-
Предполагаем македонски блог е публикувал обидни коментари за българските медици в Либия ... 26 май 2007 | 10:33 | Агенция "Фокус"

Ова како што се гледа во Фокус трае веќе седум дена и кај и да е ке излезе и во нашите меинстрим медиуми ... Ниту сакам да ги напаѓам нашите блогери и форумџии - ниту сакам да ги бранам ... секој треба да си суди со своја глава ...

Во секој случај и ова покажува дека Блогот, Форумот и интернетот стануваат моќни средства за пропаганда ... и со ова веќе неможе да се игра како да е некоја игра на мали деца ... Секој треба да си стои позади она што го напишал ...

Во целата таа игра на Македонски и Бугарски блогови и блогери која ја пратев едно време а потоа се откажав (пред се заради многуте обострани детски навреди ...) - имаше и има напади на Бугарски блогови и блогери - према Македонската држава и нација ... Ке ги евидентира ли некој ?!

Наместо заклучок ... им симнувам капа на бугарите за организирање пропаганда ... не штедат пари и труд ... Колку тоа ке им успее во 21 век ке видиме ...

- Fokus ... Focus ...
- Blog ... Weblog ... Ιστολόγιο ... Веблог ...
- Bugarska ... България ... propaganda ...
- Makedonija ... Македония ... Μακεδονία ... Macedonia ... Makedonya
- Internet ... Censorship ... Internet censorship

13 comments:

Anonymous said...

А бе волан, къде изчезна volanskopje.blog.com.mk?

Защо си с нов адрес?

Photo Volan said...

Ова е само паралелен блог ... :)

Блогот http://volanskopje.blog.com.mk/
не е исчезнат си работи ... но понекогаш не се отвара ... таков е сервисот ... има огромен број на корисници а цевката за вода е тесна - па сите кога ке пуштат вода - вода снемува :)

Anonymous said...

Да-а, ...цевката е тесна.
И от кога е тесна? До вчера не беше тесна, а от сутринта нещто се стесни.
Да не е станало нещо?

Anonymous said...

И като е паралелен блог защо ги нема коментарите от вчера?

Photo Volan said...

Коментарите си се таму каде што се изворно поставени ...

Блогерајот има скоро 15.000 корисници ... а вчера често имаше и по 7-8000 надворешни посетители ...

Ете затоа е ... Сепак е до цевката ... Ако бидеш упорен почесто да проверуваш дали дошла вода ... водата ке дојде ... :)

Не е до мене ...

Photo Volan said...

Инаку не ја гледам причината за твојата анонимност - но тоа е секако твое право на избор ...

Anonymous said...

Аха, разбрах!
Комшийте са виновни!

Anonymous said...

Всички е internet сме анонимни. Включително и ти. Така че неразбирам защо повдигаш този въпрос

Anonymous said...

А-а, сега разбрах каква е работата. Май www.blog.com.mk изключен от internet заради тия работи:
http://img106.imageshack.us/img106/9234/milestojkovskiso7.jpg
или поскоро заради това:
http://img509.imageshack.us/img509/7420/hakerishtabg3.jpg
А ти ми разпрвяш че цевката била тесна:) Бива ли така?...

Anonymous said...

Дека одиш бре Волане?
Дека е blog.com.mk?
Дека се скрия македонските блогери?

Anonymous said...

http://news.ibox.bg/news/id_1376436855

DEYAN
Регистриран на: 30.05.2007, 09:15
Пуснато на: 02.06.2007, 18:41

НЕ НИ БЛАГОДАРЕТЕ. ..


В България ме дразнят институциите, които са неадекватни при подобни ситуации.

Ние сме двама приятели програмисти които живеем и работим в централен Лондон,
решихме се да опитаме да свалим блога,
не беше трудно,
резултатът е факт.

И все пак не ни е приятно заради българските неадекватни институции да влизаме в нарушение с морално етичния кодекс на програмиста.

Нека да забравим всичко случило се.

Anonymous said...

Драг Волан, во грешка си. Саjтот www.promacedonia.org не е дел од некаква организирана бугарска државна пропаганда. Овоj саjт е дело на група истомисленици од Бугариjа, кои се интересираат од македонските прашања. Никоj не плаќа за скенирането, обработувањето и качувањето на текстовите. Учеството е слободно и секоj, коj сака и може да биде корисен, е добродоjден. Мислам дека во целост содржината на саjтот не може да биде определувана како пропагандна. Делови како "Спомени", "Езикознание", "Етнографиjа", "Историjа" и така натаму содржат аутентични историски документи од академски публикации и научни истражувања, исклучок е делот "Памфлети". Зборот "пропаганда" со своите негативни конотации не е точен во однос на озбилната информациjа, коjа нуди саjтот. Ако на пример писмата и документите на Гоце Делчев покажуваат немакедонски етнички идентитет на револуционерот, ова не е причина истите да бидат определувани како "пропаганда". Историската информациjа мора да се почитува таква каква што е независно од тоа какви се нашите денешни идентитети.

Поздрав од Софиjа:

Черњо Пеев

Photo Volan said...

Драг господине Черњо Пеев

Исклучително ми инпонира Вашиов коментар ... и заради начинот на кој ми се обраќате на чист Македонски и заради самата содржина на коментарот ...

Има и други мои пријатели од Бугарија - кои ме убедуваат дека сајтот www.promacedonia.org не е финасиран од никого дека е дело на луѓе кои ја сакат Македонија и Македонската историја ... но ја гледаат низ призма на Бугарски наочари - бидејки се разбира се родени и воспитани во Бугарија ... Сајтот можеби не е целосно финасиран но е секако помогнат како донација од самата бугарска држава или од донатори ...

Најпрвин Ви симнувам капа до земја (значи го имате мојот наклон) за делото кое го правите ... обездедувате страшно корисни информации за сите на кои Македонија им е во срцето ...

Мене дури воопшто не ми смета кога во книгите ке прочитам како кој се орјентирал ... како Бубарин ... како Бугарски Македонец ... или незнам која варијанта ... Тоа јас лично го подразбирам како одраз на дел од едно историско време ...

Тука во Македонија имате многу фанови на вашиот сајт - кој го користат како можност да прочитаат ретки стари книги за Македонија ... меѓу фановите на сајтот можете да ме вброите и мене ... кога имам време често читам делови кои таму ги наоѓам ...

За да се разбере правилно историјата мора да се прочитаат сите релеванти историски факти од сите заинтересирани “страни“ од историскиот настан ... Во случај на Македонија и таканареченото Македонското прашање - неопходно е да се прочитаат историските извори од неколку центри за историја ... Скопје, Софија, Београд, Атина, Анкара, Тирана и неколкуте светски центри ... Москва, Париз, Лондон, Берли ... и други и дури откако за еден историски настан или личност ке исчиташ се што е напишано ке можеш да си пресудиш во својата глава за одредената историјка личност или настан ... Тоа за мене е вистинска историја ...

Во такво светло пробав да ја разберам историската личност на Мара Бунева ... за која пишав неколку постови ... и пронајдов скоро се што можеше да се пронајде на интернет за нејзиниот лик и дело ... секако истражувањето не е завршено ми фалат написи на светската штампа ... и историски извори од светските центри ... Кога ке дојдам до такви материјали ке ги проучам и објавам на моите блогови ... без некои силни коментари ... Историските книги и материјали кога се објавуваат треба да не се оптеретуваат со премногу коментари ... читателот сам треба да си ја пронајде поентата ...

Се разбира дека сето ова може да го направи само интернетот ... и во тој правец го поздравувам овој сајт ... Се залагам ние тука во Македонија да организираме слична работа по узор на вашиот сајт и сајтот Растко http://www.rastko.org.yu/

Се залагам да се подигнае на интернет Нова Македонија по узор на
Политика http://www.digital.nbs.bg.ac.yu/novine/politika/

Затоа голема пофалба за ова дело www.promacedonia.org на сите наведени момци (не гледам девојки ) на творците на овој сајт ...

Книгите са предоставени от:
Симеон Цонев, Васил Карлуковски, Николай Чернев, Лазар Гецковски, Христо Ценов, Милен Радев, Димо Бечев, Емил Георгиев, Самоковецо, Баш Бугараш, Владислав Васев, Черньо Пеев, Емил Петров, Иля Талев, Йордан Чорбаджийски, Анастасия Побошкова, Работно ателие за македонска история , The_bomb, Славчо Стоянов и Игор (Alias) и са обработени от:
Васил Карлуковски, Христо Ценов, Милен Радев, Димо Бечев, Емил Георгиев, Ангел Апостолов, Баш Бугараш, Владислав Васев, Черньо Пеев, Емил Петров и Работно ателие за македонска история .

Мојот меил го имате во мојот профил ... но еве и тука ке го напишам:

volanskopje@gmail.com

Повелете ... или заповедајте ... за личен контакт ... Мислам дека и во Македонија имате луѓе кои радо би соработувале со вас ... луѓе кои избрале да се орјентирааат како Македонци ... и на кои Македонија им е во срцето ...

На паралелниот блог на Блогспот http://volanskopje.blog.com.mk/ - каде често се води дискусија меѓу Бугари и Македонци ... често оштра но сепак во границите на дозволеното ... за што сум благодарен ... реков дека можеби е време да се створи еден клуб на виртуелни пријатели (пријатели запознаени преку интернет) на Бугарски и Македонски граѓани ... кои би допринеле за развојот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија ... како две соседни земји, кои за кратко време ке бидат членки на европскиот сојуз на држави и каде границите нема веќе да бидат пречка на размена на идеии и мисли ...

На нашиве Балкански простори имаме премногу историја која помалку ни смеќава во развојот на добрососетските односи и економскиот просперитет на народите ...

Поздрав до сите Вас ...

Blog Archive

Site Meter