Гроздановиот подкаст ви го представив во специјален пост - ГРОЗДАНОВИОТ ПОДКАСТ - Podcast ... каде најпрвин појаснив што е подкаст и го преставив Гроздан Попов - авторот на подкастот ...
Чичко Гроздан е едно витално чиче, кое е долго во македонското новинарство и навистина неговите подкасти се интерсни за слушање ... Бидејки очито е дека Македонија и Македониецот му се во срцето ... Дава свои размислувања за случувањата пред се во Македонија ... но дава представа и за интересни стории од светската политичка сцена ... Ги прати и новите медиуми во кои и самиот со својот Блог-подкаст учествува ...
Во последната 15 еозода од Подкастот на Гроздан ... Гроздан се изјаснува највеќе за две теми ...
Едната е за неоправданото неприсуство на македонскиот политички врв од ВМРО-ДПМНЕ структурите (на ниво на скандал...) - на доделувањето на наградата/орденот на МПЦ од страна на Председателот на Македонија ... За да не ви раскажувам “изгубите“ десет минути од вашиот живот и слушнете изворно што вели чичко Гроздан ...
Другата тема е потесната приказна за грчката Блогерка Amalia Kalyvinou која ја разбрани грчката јавност со нејзините лични стории и искуства со грчкото здраство, лекари и установи, и обелодени скандалозни податоци во каква состојба се наоѓаат тие.
И оваа приказна подобро ке ја разберете ако го слушнете изворно 15 продолжение на подкастот на Гроздан ...
Вторава тажна приказна за грчката блогерка укажува за веќе огромното влијание на Блогот како медиум ... во светот ... во случајот во соседна Грција ... За нас е актуелна темата бидејки се работи за скандалозно обелоденување на митото и корупцијата во здравството во Грција ... кое не е имуно на овие процеси ... За се биле криви Турците ...
Чичко Гроздан или за мене батко Гроздам ти благодарам за трудот кој го правиш ... и допринесуваш за тезата која неодамна ја постви блогот Комуникации во постот -Блогот како медиум за вистинска демократизација ( Автор: sead93 ) ... Ти пожелувам добро здравје и терај со твојата потреба да даваш новинарски приказни кои се поучни за многумина ... или би требало да бидат ...
No comments:
Post a Comment