Search This Blog

Tuesday, June 12, 2007

МЕСТЕНКИ - WSA Macedonia 2007

Во Македонија а спомнеш некаков избор ... не си го дослушал зборот избор а одма ти се врти во глава “..а кој ли е наместен ..“. Изборите се скоро секогаш фарса ... Подсетете се на изборите за Мис на Македонија во последните неколку години ... Подсетете се изборот на Пејачот или песната за Евровизија ... Секојпат има скандал со некава местенка ... Спортот ни е упропастен од разноразни местенки, намештаљки и лажирања ... зошто се одржуваат спортски натпревари кога нема гледачи - кои ги увидоа местенките и не одат на утакмици ... Местени се вработувањата ... поготово оние во државната администрција и јавните предпријатија ... Се местат тендери ... Местенките се наша судбина на оваа скоро вечна транзиција ...

Имав можност да присуствувам на презентацијата на одделни сајтови и блогови, на 5 јуни во Стопанската комора на Македонија, кои во неколку категории се натпреваруваа да победат на изборот за Наградата на Светскиот самит за иформатичко општество ... Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.

Правилата за избор беа објавени тука ...

IMG_4192 (Small).jpg

Изборот за Македонија го организираше Фондацијата Метаморфозис ... која беше во полн состав и со прва екипа ...

IMG_4193 (Small).jpg

Секој “надпреварувач“ имаше по пет минути за презентација ... на својот сајт ... блог ... Мултимедијално ЦД ... или што да е ...

IMG_4197 (Small).jpg

Ми причини особено задоволство што тука лично се запознав со Горан Андреев ... Блогот на Андреев Горан го знаев од порано ... Него го поткачија за поставувањето на една песна која има хомофобна содржина ... и го прашаа а што има забавно во таа песна ...

IMG_4200 (Small).jpg

Се запознав со творците на скоро започнатиот сајт Портал 365.com.mk ... и неговите творци ... од кои еден е многу попознат како пишувач на Хаику поезија ... Испадна дека сме комшии од Бутел-држава ... :)

IMG_4212 (Small).jpg

Се запознав со шармантниот творец на Портал Крале Марко госпоѓа Гордана Jанакиевска, која иначе по професија е архитект - а секој архитект во душата е и уметник ...

На крај презентацијата заврши со неможноста Exploring Macedonia да го прикаже својот сајт - Национален портал за туризам ... Едноставно нивниот сервер беше паднат ...

Воопшто не ми беше битно кој ке победи ... бев да запознам некои луѓе и да видам некои презентации ... иако сајтот за школите Училишен портал ме инпресионираше со можностите ... како и презентацијата на културното наследство што ја прави во последно време ПМФ Портал: Дигитизација на националното наследство ....

На крај остана комисијата-жирито за избор да ги избере победниците ... Одпосле дознав дека тука уствари се случила местенката т.е. започнале недоразбирањата на комисијата за избор во која како челенувале - учествувале и дел од пријавените проекти ... меѓу кои и самата Метаморфозис ...

Неколку дена покасно се објавија резултатите на изборот ... а дел од учесниците протестираа поради примедби дека се неоправдано исклучени или дека победиле проекти за кои си гласале самите учесници или агитирале де ...

1 comment:

Anonymous said...

Се согласувам со тебе Александар изборот и мене ми изгледаше дека беше наместен.

Blog Archive

Site Meter