Таман кога Премиерот и ресорните Mинистри не израдуваа дека имаме историски раст на БДП - кој во голема мерка се должи и на растот во индустриското производство ... ладен туш од државната статистика ... Државниот завод за статистика во мај регистрира пад од 5,8 отсто во однос на истиот месец лани и од четири отсто во однос на април годинава. ...
- Намалување на производството на годишно ниво има во сите сектори, освен во рударството, каде што има пораст од 25 отсто.
- Производството на енергија е намалено за 37,2 отсто, а
- Падот во преработувачката индустрија изнесува 4,6 отсто.
- За 25,6 отсто е намалено и производството на електрична енергија, гас и на вода.
- Најлош е трендот во нафтената индустрија, каде што во мај има пад на производството на кокс и на нафтени деривати од 81,7 отсто.
- Големо намалување од 67,6 отсто има и кај производството на електрични машини и апарати.
Реалниот економски живот го прават - циклични движења на порасти и падови ... На порастите не треба така френетично да им кликаме ... како што и падовите не треба да не стават во депресија ... Секоја економија е подлежна на циклични движења ... Tоа не дава за право на надлежните министри да немаат коментар ниту изјава за падовите - кога ги имаме како сега ...
Треба да радуваат континуирани на долги периоди порасти ... а да не секирааат континуирани падови и стагнации во економските сектори кои се одразуваат на економската моќ и стандардот на населението ...
За жал ние сме во перманентна фаза на стагнација на економијата и огромен пад на вработеноста ... Сето ова доведе до значитално големо зголемување на реалната сиромаштија ... и пад на стандардот ...
- Siromastija ... bdp ... industrisko proizvodstvo ... statistika ...
No comments:
Post a Comment