Search This Blog

Tuesday, June 26, 2007

АДСЛ ... р-Еволуција

Еден од најдобрите блогови во Македонија се отвори заради таканаречените случувања со АДСЛ-от ... кога од ведро небо ниоткаде, на некого во МТ-њет му текни еднострано да ги смени договорите кои ги имаше со корисниците ... Имаше бурни ракции од граѓаните ... пишување на разноразни писма до МТ ... Малтретирање на “теткиците“ (мачињата де ...) од МТ... За пресекот на случувањата од таканаречената Октомвриска револуција видите тука ... или таканаречена р-Еволуција ...

Моќниците од МТ не се осврнуваа ... кога тогаш нивнот арогантен однос ке им се врати поглава ... си ја тераа својата арогантност према своите муштерии ... не одговараа на писмата ... пишуваа казни ... и така и покрај огромната подршка на власта се деси нешто што МТ можеби не го очекуваше ... Љубовта со МТ и со АДСЛ-от се повеќе згаснуваше ... Со појавата на кабелските оператори и Кујтеса во Македонија ... се намалувше секојдневно интересот за АДСЛ-от и покрај неговата атрактивност и монополска позиција ...

И тогаш се предупредуваа луѓето од МТ дека, ако не се свртат кон корисниците ке го изгубат колачот ... Читам денеска ...

- Радикален пораст на услугата АДСЛ,
- пораст на задоволството на корисниците,
- имплементирање на услугата трипл-плеј,
- ребрендирање и управување на односи со корисници

- Ова се петте проекти на кои „Македонски телекомуникации“ ќе се сконцентрира во идниот период за задржување на корисниците.
- Од извори во компанијата неофицијално дознаваме дека засега МТ потфрли во однос на услугата АДСЛ. Резултатите се далеку од очекувањата.

Читам и се ситам ... До Атила ли беше работава ... ?!

- ADSL ... r-Evolucija ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter