Веројатно никаде во законите каде што се спомнува работа на Парламентот на РМ - не стои дека пратениците од позицијата неможат да поставаат прашања до Владата (Владата од сопствените редови ...) ... Но она што се дешавало на последната седница каде се поставувале пратенички прашања - личи на парламентарна фарса каде се практикува демократија ...
Имено медиумите пренесоа дека пратениците на Опозицијата неможеле да дојдат до збор од бројните прашања на Пратениците од Позицијата ... кои користејки го правото на Парламентарната говорница да изнесуваат секаква теза и јавно да посочуваат на одговорност ... Парламентот го претвораат во судница ... Имено никој не може да повика Пратеник на одговорност - за јавно изнесен збор - мислење на парламентарната говорница ... Така говорницата се користи за пресметки со политичките противници ... Имено ке се изнесе теза ... таа потоа ја пренесуваат медиумите ... Вистна или не вистина стопати повторена станува вистина (во очите на народот ...) Не се почитува презумцијата на невиност ... Веројатно тоа ги заболе опозиционите партии и демонстративно ја напуштија седницата .... а позицијата мува не ја полази - си продолжи со работа ...
Господо парламентарци - договорете си ги правилата и џентелментски понашајте се во Парламентот ... Времињата се менуваат ... Воведувајки некаква пракса во сегашноста таа ке ви се удри по глава кога Вие повторно ке станете опозиција ...
По мене Парламентарните прашања - се пред се место каде опозицијата како коректив на власта поставува прашања кон позицијата ... Владата де ... Не велам дека позицијата не треба да поставува прашања ... но односот треба да биде 4 према 1 во однос на давање на простор и време на опозицијата - да постави прашања ...
Вистината секако ке излезе во јавноста ... Во денешно време на мноштво на медиуми и интернет (кој скоро да не може да се контролира - ако го има де ... можеби и затоа толку малку го има ...).
Во поитичката борба со политичкиот противник треба да се користат сите дозволени средства и методи ... но џентелмество во борбата мора да има ... кон во моментот послабиот противник а тоа е секојпат опозицијата ... Инаку демократијата, ако нема џентелменско однесување на опозицијта ке се претвори во суров ринг на борба до коски ... каде појакит секојпат победува ... А тоа верувам не е идејата и целта на демократијата ...
No comments:
Post a Comment