Најпрвин имавме силна подршка од Буш за нашето зачленување во НАТО дадена на средбата во Тирана ... Веројатно по совет или барање на Буш Груевски и Црвенковски се сретнаа за да се информираат меѓусебе за Нато интегративните процеси ...
Претседателот на САД Џорџ Буш упати лична порака до македонскиот премиер Никола Груевски во која искажува задоволство од нивната неодамнешна средба во Тирана и од прогресот што го прави Република Македонија за членство во НАТО.
- Драг Никола, Ти благодарам што дојде во Тирана. Јас уживав во нашата посета. Импресиониран сум од прогресот што го правите кон членството во НАТО. Продолжете така, наведува американскиот претседател Џорџ Буш во пораката до претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски.
Ова е второ јавно признание во последните дваесетина дена од претседателот Џорџ Буш за напредокот што го прави Македонија кон НАТО.
Како гест на пријателство сега Премиерот на РМ Груевски упатува покана до Председателот Буш - George W. Bush да ја посети Македонија:
„Ве поканувам, господине претседател, по самитот следната година, да ја посетите библиска Македонија, да го посетите Охрид, центарот на христијанството, кој во 14 век имал 365 цркви, по една за секој ден од годината, за заедно со моите колеги од регионот да го прославиме крунисувањето на вашата визија искажана во 2001 година во Варшава за единствена Европа, слободна и во мир“
„Благодарен сум за клучната поддршка што ни ја давате за нашето членство во НАТО. Република Македонија е посветена на завршувањето на реформите, но сме свесни дека нашата работа ќе продолжи и откако ќе станеме членка на алијансата. Знаеме дека можноста за приклучување кон алијансата стана реалност и ќе направиме се' што е во наша моќ за да ја заслужиме таа привилегија. За граѓаните на Македонија, Самитот во Букурешт следниот април претставува средба со нашата иднина. Нашиот народ чекаше премногу долго за да се приклучи кон европската матица и ние ќе ја искористиме оваа историска можност“
Се раѓа ли ново лично пријателство на Буш - по евидентното лично пријателство со починатиот Председател Трајковски ...
- Gruevski ... Bus ...
No comments:
Post a Comment