Може ли од Јустинијан I да направиме македонски бренд ... Македонска приказна која би била атрактивна дестинација за туристи кои ги интересира археологија и историја ... Брендирањето на името на Јустинијан I е започнато од пред две години со манифестации кои се организираат во Скоје а се во чест на Јустинијан I - кој е наше дете што би се рекло ... Роден во непосредна близина на Скоје Таор - Тауресиум ...
- Тауресиум, родното место на византискиот цар Јустинијан I (527-565) се наоѓа на локалитетот "Градиште", над селото Таор, пред влезот во Таорската клисура., а на 20 км оддалеченост од Скопје.
- Локалитетот е откриен пред околу сто години од англискиот археолог Артур Еванс (Arthur Evans), кој заинтересиран од топонимијата на селото Таор, слична на античкиот град Тауресиум, дошол и го посетил ова место. Во поново време, поточно 2000 год. се започнати систематски архелошки од страна на Музеј на град Скопје, а под раководство на археологот Киро Ристов.
- На овој локалитет се регистрирани слоеви на три населби од различни историски периоди (енеолит, доцноантички и срдновековен период).
- Доцноантичката тврдина припаѓа на категоријата кастели со триаголна основа на ѕидините, кули на аглите и еден челен бастион. Заедно со подѕидините и укрепените тераси таа опфаќа површина од 2,2 ха.
- На локалитетот се откриени остатоци од водовод, доцноантичка некропола, дел од мермерна биста и монети емитувани од владетелите помеѓу IV и VI. Во близина на месната црква се наоѓаат столбови од ранохристијанска базилика.
Јустинијан I значи родум од Таор по мајка од Бадар (Baderiana) кое е во непосредна близина ... Рано во својта младост е однесен во Константинопол кај својот вујко Јустин I кој е предходниот владетел на Византија ... но бидејки немал деца го зема Флавиј Петар Сабат Јустинијан (Flavius Petrus Sabbatius Justinianus) ... го школува и го припрема за наледник ...
Јустин I родом од Бадар (Baderiana) - во сплет на историски околности по смрта на царот Анастасиј - доаѓа на престол. По доаѓањето на престолот тој повлекува и дел од својата фамилија меѓу кој како млад и својот иден наследник Јустинијан I - со кого едно време ја делат власта ...
Името на Јустинијан I во историјата на Римските Царства е со подеднаква важност со Цезар, Октавијан, Марко Урелиус, Адријан и Трајан.
- Јустинијан I (Лат.: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus, Грч.: Μέγας Ιουστινιανός, 11 Мај, 483–13/14 Ноември, 565), византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527—565 год.), христијанин и православен теолог.
- Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња.
- Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контраверзната царица Теодора.
- Го свикал Петтиот Вселенски собир со намера да ги смири монофизите и православните.
- Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право.
Јустинијан I по стапувањето на престолот успева повторно да го обедини римското царство и станува еден од неодминливите историски фигури во тоа време ... Владее долго и во својата моќ решава во спомен на родното место Таор - Тауресиум да изгради град - кој се предпоставува е сеуште неубицираниот град Јустинијана Прима ... За сево ова се води научна дебата на историчари и археолози од Србија и Македонија ... Имено Србската археологија тврди дека Јустинијана Прима т.е. родниот град ма Јустинијан I е Царичин Град ... во близина на Лесковац ... Дискусиите се научни и стручни ... сеуште нема написи во ниеден од овие археолокалитети кои со сигурност би ја убицирале Јустинијана Прима ... со тоа што лаички гледано во предност треба да е предпоставката дека поради топонимите Македонската верзија е поприфатлива ...
На темава многу поумни и постручни глави од мене имаат пишани прекрасни текстови ... ке наведам неколку линкови ...
** Јустинијан I (Лат.: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus, Грч.: Μέγας Ιουστινιανός, 11 Мај, 483–13/14 Ноември, 565), византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527—565 год.), христијанин и православен теолог.
** Тауресиум, родното место на византискиот цар Јустинијан I (527-565) се наоѓа на локалитетот "Градиште", над селото Таор, пред влезот во Таорската клисура., а на 20 км оддалеченост од Скопје.
** Император Јустинијан (Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus) рођен je у Тауресуму (483) на 28км од данашњег Лесковца (археолошки локалитет Царичин Град), византијски цар, император Источног Римског Царства (од 527—565), хришћанин и православни теолог.
** Царичин Град (Justiniana Prima), се налази на 7 km од Лебана, a 30км од Лесковца, археолошки локалитет из VI века, једног од највећих и најзначајнијих византијских градова у унутрашњости Балкана.
** По трагите на ,,Изгубениот град - Iustiniana Prima ” ? …
За сето ова ке ви дадам и други линкови и тука ке го пркинам теоретизирањето ... Во продолжение ке ви ја раскажам приказната за Чајот на Теодора ...
Дознав дека оваа година со мали средства се продолжува ископувањето на Таор - под раководство на археологот м-р. Кире Ристов од Музејот на Град Скопје - раководител на овие долгогодишни ископувања ... малку подпомогнато и од локалната самоуправа ... Во друштво на Арвена (која за почетокот на овогодишното ископување напиша свој пост: Разговор со Кире Ристов - денес стартува ископувањето на локалитетот Таор) - и Гордана Јанакиевска (творецот на сајтот Крале Марко) - која истотака има пишано свој текст: ,,Градиште” – с.Таор - Taurisium ...
Моравме рано да тргнеме од Скопје поради вруќините ...
До таор како што се гледа од мапата може да се стигне од две страни - но подобро е да се оди преку Драчево ... Моране ... Орешани ... Таор ... Кај Орешани се врти лево преку пругата и се поминува Вардар на мост кој и не изгледа баш најбезбедно и веднаш пред Вас се укажува селото Таор ... кое всушност скоро во целост се наоѓа на археолошкиот локалитет Таор ... Ве пречекува голема узбрдица ... Патот Ве води до срцето на локалитетот ... попат се поминуваат селските гробишта ... неколку долни тераси на таорското брдо ... кои воедно покасно дознавме дека се истотака терасасти локалитети ...
Таорските гробишта мали но доста стари ... во позадина се гледа каналот за одводнување на Скопско поле ... Одозгора од Таор се чини како некоја езерска шир ... Попат до локалитетот има доста лозја ... и стрмнина ... Асфалтирано е до гробиштата ... патот е доста тесен ... натака има обичен земјен пат ... Со подобра кола или најдобро Џип лесно ке дојдете до локалитетот каде со помош на донација на Општина Чаир - добиена е дел од барака која тука е преадаптирана во пријатно место за работа и одмор на археолозите кои се спремаат за долгогодишни кампањи на ископувања бидејки локалитетот е огромен а истражено е едвај нецели еден посто ...
На локалитетот не дочека љубезниот домаќин Археологот м-р. Кире Ристов од Музејот на Град Скопје - раководител на овие долгогодишни ископувања во Таор ... Погледнете само каков прекрасен поглед има во позадина ... веројатно Теодора и Јусинијан често пиејки чај од овие тераси ги одмарале очите во долгата шир и прекрасните околни предели ...
Ова е местото каде Кире таму некаде 2001-вата ја направил првата сонда ... и имал среќа веднаш да ги открие ови столбови ... Во тоа време локалитетот дотогаш бил нечепнат ... а во првите ископувања учествувала тогаш како студент и Арвена ...
Фоткава веројатно ке ја подсеќа на првото истражување ... тука некаде со мистријата и метлата во рака ...
Кире занесено ни ги раскажува своите сознанија од долгите ископувања ... Во позадина е неговата археолошка муза ... од мене од милошт наречена ...
Локалитетот т.е. она што досега е резултат на истражувањето ... Оваа година ке има само помали ископувања ... но затоа се прават напори да се решат имотно-правните односи на соседните парцели околу локалитетот ... Тука околу кај и да копнеш е локалитет ...
Фоткава не само што ја покажува големината на локалитетот ... туку ја долувува и сликата на пространата широчина ... и мир околу локалитетот ... Наоклу опојно се жири прекрасен мирис на планински цветови ... и се полни плуќата со чист воздух и опоен мирис ...
Снимено во близина на сондата што оваа година се ископува - Таор во подножјето ... а преку Вардар прекрасен поглед на Орешани ... Морам да признам дека стариве цивилизации навистина знаеле да ги изберат вистинските места за живеење ...
Од највисоката кула која моментално се ископува ... таму каде што стојам јас сликајки го Кире ... кој појасни дека во позадината блиску кај што пасат коњите имало многу јак извор - од кој Таорчани, оние античките организирано со канали од керамички цевки ... носеле вода до самата населба ... која докажано е опкружена со дебели зидови ... и повеќе стражарски кули ...
Прекрасна и инспиративна фотка од грбот на еден од мештаните кој е ангажиран за ископувањата ... Како да сака да ни каже најдоброто од Македонија на најдобриот Македонски арео-локалитет ... Инаку Кире избрал многу духовита екипа од мештаните кои не само што помагаат во ископувањата туку се и своевидни чувари на локалитетот ...
Гордана во акција на прибирање на фото материјал за својата приказна за Таор ...
Кире и Гордана занесени во приказната за Таор и Јустинијан ... добро и Теодора де ...
Во моментот кога го сликнав овој тепих од цвеќиња ми станаа јасни неколку одговори ... Еве го местото каде Теодора го берела чајот ... местото каде берела полски преубави цветови и мирисливи травки за купките ... Навистина толку јак опоен мирис на полско цвеќе немав одавна осетено ...
На враќање на главнината на локалитетот - не пречека една весела кучка ... која трчаше од еден до друг и се поигра со сите ... Во позадина оној чад што го гледате на фотката не е од печницата која минатата година ја отткрија археолозите ... туку љубезните домаќини решиле да не почестат со археолошки доручек на теферич ... послужен на балконот на Теодора ...
Античкиов доручек - во македонско издание ... прженко на два начина :) ... винце ракиичка од онаа домашната од Таорското лозје кое попат секаде не опкружува ... Онака добро ожеднети прво испивме по чашка сок ... море и две ... па ред ракичка ... ред прженко .... ммммммммм
Кире не испрати како и што не дочека ... со ведра насмевка и со уште некоја приказна за локалитетот ... и идните планови за истражувањата ...
Ова беше мојата приказна за “Чајот на Теодора“ ... се надевам Гордана и Арвена заминаа дома со свои приказни ... Кире и останато друштво од Таор - Ви благодарам на прекрасно поминатиот ден ... Се надевам дека ке го повториме дружењето ...
Во продолжение ке едитирам неколку клипови на ЈуТјуб од локалитетот ... Кире ... неговата муза ... ведрите Тоаорчани и прекрасниот поглед и посебно мирис од Таор ...
За крај подолу имате слајдшоу од фотки од поранешните ископувања на Таор ... приредени од Арвена ...
Сосема за крај, кој сака пошироки видици за Таор, Јустинијан и Теодора - еве уште неколку линкови:
- Јустинијана Прима најверојатно е во Таор … 7/6/2001
- Ќе ја открие ли Таор мистеријата на Јустинијана Прима … 10/5/2002
- Дали Царичин град е родниот град на Јустинијан … 2006-10-16
- Откриени атриум и фурна … 16 октомври 2006
- "Откриена" нова археолошка атракција - 2001-07-02
- Јустинијана Прима најверојатно е во Таор 2001-07-06
- Откриен панцир од византиски офицер 2001-12-27
- Уредување на археолошкиот локалитет "Таоресиум" 2002-03-28
- Откриени атриум и фурна 2002-09-14
- ТАЈНИТЕ НА ЕДЕН ГРАД СЕ УШТЕ МИТ 2002
- Јустинијана Прима на дваесет километри од Скопје? 2002-09-14
- Ќе ја открие ли Таор мистеријата на Јустинијана Прима 2002-10-05
- Зелениково доаѓа напомош за Таор ... 12.06.2007
- Скромно во потрагата на Јустинијана Прима ... 17.02.2007
- ЗА ГОЛЕМИОТ ЈУСТИНИЈАН … 9.04.2007
1 comment:
That’s pretty cool. The guide has anythings which are really awesome for the peoples. Butterfly Garden
Post a Comment