На постот за ... БДП - GDP ... драматично висок пораст ... имаше дискусија ... на која одговорив со коментар кој еве прерасна во алегоричен пост ... Се надевам дека сите ке ме разберете најдобронамерно и нема да ми станете “скар“ ... :)
Мислам на Курто и Мурто и “со-јавачите“ ...
За сите кои дискутираа погоре ... важи ...
Сте ја чуле ли за прикаската за Курто и Мурто ?? ... Имав и пост за тоа ... кој сака да го прочита ... нека го про-“Најди“ ...
Додаток на прикаската за Курто и Мурто во наши услови е - кога Курто се симнува за да се качи Мурто ... Мурто (глуми лудило...) се прави - за да не му оди добро на Курто ... иако оди пеш ... иако е свесен дека кога ке дојде време да се качи пак на коњот ... нема да му биде лезет “јавањето“ ... пак ке го има истото истрцано старо седло ... со некоја шајка која ке го боцка од седлото ... ама упорно - кој не е на седлото - се‘ прави тој што го јава да му се одмили јавањето и да не му тргне ... И така 17 години ... со нашите “Курто и Мурто“ ...
А ЕУ вика - неможе само Курто како ке рече ... и Мурто Мора да се сложи ... ама Мурто вика е цврц неможе ... кога ке бидам јас на седлото тогаш ке се договараме ...
За наша жал третиот соиграч на Курто и Мурто ни во сон несака да јава заедно со Курто и Мурто ... сеедно кој е на седлото ... Третиот играч тотално влече назад и си ја тера својата зацртана политика - која ја тера веќе седумдесетина години ... во последните 25 со одличен евидентен успех ... Третиот играч сеедно добро си ја игра улогата, иако таму има досега троица што се менуваа (сите си ја тераат нивната заедничка цел ... која заедно ја имаат договорено ... глумат лудило дека се едни против други ...)
Уште поголема жал за нас е што не се појавува никако серизен четврт играч ... Само малку ако испили глава - се едно дали Јава Курто или Мурто - јавачот му ја сече главата од корен ... а оној кој оди пеш во моментот глуми лудило “нисам из ту...“
А и одва ЕУ со-јавачите само си прават експеримент со Курто и Мурто ... и до недоглед ... у круг ...
Решение ... Оној ден кога Курто и Мурто ке се договорат да и тргне на Македонија а не на нив ... ке ни тргне со страшно брзи чекори ...
Мислам дека не е тешко да ја разберете алегоричната пиказна ... Да не е трагично би било смешно ...
Коментаров заслужи да биде пост ... па повелете таму продолжете ..
-Kurto i Murto
No comments:
Post a Comment